Стадион

Објавени стории за Алианц Арената:

Минхенската гордост – фабрика за пари

Баерн игра на супер модерниот Алианц Арена стадион кој работи од 2005 година. Почнувајќи од Грунвалд Стадионот преку Олимписки, новиот стадион кој се наоѓа во Северо-источен Минхен е досега најголемиот и најмодерниот Баварски стадион. Еден од најмодерните во Европа, со капацитет од 70.000, веќе се осогласи како одлично место за играње и гледање фудбал.

Посетителите се најзаинтересирани и вчудоневидени од надворешниот изглед. 2,760 перничиња во форма на дијаманти обиколуваат површина од 66,500 m². Дури и ако не доаѓате прв пат на Алианц тешко е да поверувате како се осветлува стадионот во ноќе.

Не е ни изненадување што Алианц Арената е речиси секогаш полна. Минатата година на стадионот во сите 17 натпревари на Баерн во Бундеслигата кој ги играше на домашен терен немаше слободно седиште. А во сите натпреварувања на стадиното Баерн имаше речиси два милиони посетители или просек по 67,555 по натпревар, што е рекорд за посетеност. Но и оваа година нема да биде нешто поразлична, со објавувањето на натпреварите во Јуни стадионот веќе се распродаде.

Што е тоа што ги привлекува фановите да доаѓаат на овој стадион? Моќниот Баерн нормално. Но фановите исто така очекуваат и да бидат и добро преченани и испратени. Во и околу стадионот има институции кои се грижат за фановите на површина од 6,000 m² . Најголемиот паркинг во Европа со речиси 10.000 места за паркирање. Исто така голем плус е и цената на картите. Има над 13,500 карти со достапни цени за сите на балконите на стадионот. 2,200 бизнис седишта и  106 коментаторски места,  како и повеќе од 1,374 ВИП седишта. На сите седишта може да се сместат и лица со хендикеп (во инвалидска количка), а има и околу 160 седишта на првиот кат наменет за тие лица.

Овој стадион е ремек дело на Жак Херсох и Пијер де Мурон. Најголема награда за архитектите е тоа што фановите навистина брзо го сасакаа овој стадион. Кога проектот беше соопштен во 2001 година, 65.8 проценти од граѓаните на Минхен се изјаснија позитивно за изградба. Темелите беа започнати на  21 Октомври 2002. По помалце од три години, Баерн го отвори стадионот на 31 Мај 2005 во пријателски натпревар против Германската репрезентација.

Баерн сега за сега се ко-сопственици на стадионот, бидејќи Минхен 1860 има платено за користење на стадионот до 2025 година.

Иначе овој стадион е избран за омилен спортски центар на граѓаните на Германија.

Локација Северо-источен Минхен
Изградба 21 Октомври 2002 – 30 Април 2005
Отварање 31 Мај 2005
Капацитет 69,901
Осветлување
Како до таму? Погледни мапа на Минхен околу стадионот тука.
Advertisements
%d bloggers like this: