НОВО! Сега блогот е достапен на повеќе јазици
English Русский Deutsch Hrvatski Français Shqipe
*powered by Google

Баерн Минхен - информатор

Започнува треската наречена ЛШ

Вака изгледа сега,а како ќе изгледа групава во декември?

Вака изгледа сега,а како ќе изгледа групава во декември?

Баерн Минхен,Јувентус,Бордо и Макаби Хаифа-вака изгледа групата А од ЛШ.4 екипи со свои амбиции ќе се борат меѓусебно за едно од првите две места со цел продолжување кон финалето и престижот што доаѓа со него.Навидум,баварците заедно со Јувентус се фаворити во однос на незгодниот Бордо и аутсајдерот Макаби,но работите во суштина и не се така едноставни.

Во првото коло баварците ќе ја започнат овогодинешната трка по пехарот кој последен пат го освоија во 2001 година во Тел Авив против Макаби.Другиот меч во оваа група е Јувентус-Бордо.

Во пресрет на првото коло ви ја претсавуваме моменталната форма на Баерн и неговите опоненти од групата А.

Баерн-во германската бундес лига поминаа 5 кола,во кои баварците имаат скор од 2 нерешени,1 пораз и две високи победи за вкупни 8 бода,доволни само за 5-та позиција на табелата. Тренерот Луис Ван Гал на располагање за премиерниот дуел ќе ги има на располагање скоро сите играчи со исклучок на Марк Ван Бомел,Мартин Демикелис и Мирослав Клосе.Офанзивната формација 4-3-3 која ја преферира холандкиот стратег во последните  2 меча се покажа како ефективна,па сосема разбирливо е доколку Баерн се појават на теренот токму со оваа поставеност на фудбалерите.Најголемите адути и овојпат ќе бидат Рибери и Робен кои го препородија тимот во последните 2 седмици.По триумфот над Борусија во Дортмунд од 5-1,кај црвените владее позитивна атмосфера и реално е да се отчекува нова победа-прва во ЛШ.

Јувентус -екипа која сигурно ќе атакува на некое од првите две места и е вистинска закана за Баерн.Во трите кола кои изминаа во италијанската Серија А,старата дама има 100% учинок,доносно 9 бода.Со доаѓањето на Диего од Вердер на почетокот од сезонава,ефикасно беше заменет чехот Павел Недвед,па сега со “Царот Диего”  како што го нарекуваат италијанските медиуми, италијанците ќе се обидат да го повторат успехот од сезоната 2004/2005 каде два пати триумфираа во фазата по групи и завршија како првопласирани.Но,како што и тренерот на Јуве,Чиро Ферара,изјави: “тоа се само спомени кои би сакал да се повторат,но реално ќе биде многу тешко бидејќи и двата клуба се речиси скроз сменети од тоа време”.

Бордо -главниот товар ќе го понесе 23-годишниот Јоан Гуркуф,кој ќе биде убедливо најголемиот адут на французите.Франк Рибери е еден од обожавателите на Гуркуф,кој во неколку наврати рече: “кога играм со него во репрезентацијата имам чувство дека играм со Зидан”.Бордо  како екипа од сенка,имаат каков-таков капацитет за евентуално нарушување на мирниот тек на настаните во оваа група.Моментално се на делба на првата позиција во француското првенство со 13 бода,исто колку и Лион.

Макаби Хаифа – израелскиот првак а е  аутсајдерот во оваа група.Во грипната фаза стигнаа преку квалификации и според изјавите на нивниот тренер,не би требало да ги отпишеме од напред.Тој воедно потсети на изненадувачките триумфи над Манчестер Јунајтед и Олимпијакос во сезоната 2002/2003.

Како и да, е ова е нова сезона со која доаѓа и нова надеж.Дали конечно после 2001 Баерн Минхен ќе стане новиот сопственик на европкската круна?Дали по петти пат ќе ги израдува милионите фанови ширум светот или повторно ќе се изгуби некаде на патот кон мајското финале???

СРЕЌНО БАЕРН!!!

Како мислите дека Баерн треба да настапи против Макаби Хаифа?

Стадионот на Макаби Хаифа

Стадионот на Макаби Хаифа

Пред Баерн е првиот натпревар во Лигата на Шампионите, кој ќе го игра утре против израелскиот тим Макаби Хаифа.

Овој натпревар во живо можете да го проследите на http://bayernmunchen-livestream.blogspot.com/.

На Ван Гал на располагање за овој натпревар му се следниве играчи:

Голмани: Бут, Ренсинг

Дефанзивци: Лам, Ван Бајтен, Бадштубер, Брафхајд, Брено, Лел, Контенто

Везни: Швајнштајгер, Тимосчук, Прањиќ, Алтинтоп, Баумјохан, Соса, Отл

Напаѓачи: Робен, Рибери, Гомез, Олиќ, Милер, Сене

Направете ја вашата стартна формација со која Баерн би требало да настапи вечерва.

Прочитајте повеќе

Швајнштајгер пред суспензија

Можно е негово отсуство на неколку натпревари

Можно е негово отсуство на неколку натпревари

Играчот за врска се наоѓа пред суспензија поради предизвикување на Тинга за време на дербито во Дортмунд.

Бастијан Швајнштајгер може да биде казнает од германската фудбалска асоцијација (DFB) заради неспортскиот потег кој го направи врз Тинга на гостувањето во Дортмунд викендов, каде што Баерн победи со 1:5.

Играчот на Баерн го нагази противничиот играч на коленото по еден старт направен врз него. Судијата не го забележа тоа, но затоа потегот го забележаа ТВ камерите.

Германските медиуми веќе го прогласија Швајнштајгер за кривец и се сигурни дека ќе биде казнет, а жртвата од случајот Тинга, во изјавата по натпреварот малце ја ублажи ситуацијата изјавувајќи дека сепак тоа не било толку страшно.

Фросина Аризанкоска/Наум Баварец

Алекс во Баерн?

Ќе се реализира ли овој трансфер?

Ќе се реализира ли овој трансфер?

Играчот на Челзи би можел да ја пополни празнината во баварската одбрана.

Како што наведува Дејли Мејл,дефанзивецот кој моментално настапува во Челзи,е на мета на челниците на Баерн Минхен и Ливерпул.

Неговиот договор со лондонскиот клуб му истекува во 2010 година,меѓутоа не е исклучена можноста за негов предвремен трансфер.

Откако Лусио летово замина во Милано во екипата на Интер,Баерн остана без квалитетен одбранбен фудбалер,па тренерот Луис Ван Гал се обидува да најде соодветна замена за него.

Реал Мадрид,Јувентус ,Милан и Лион се останатите клубови кои атакуваат на Алекс.

Среќен роденден Милер!!!

Среќен роденден!!

Среќен роденден!!

Денеска 13 Септември 2009 година, напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер го прослави неговиот 20 роденден.

Најдобриот подарок веројадно си го подари самиот себеси, а тоа беа неговите први два гола во Бундеслигата на мечот против Борусија Дортмунд.

На овој ден Милер веќе излегува од тинејџерските години и со сигурност станува врвен напаѓач.

Среќен роденден Томас и очекуваме многу голови од твоја страна!

ПС: Среќен роденден и на Фросина и на Бекенбауер (со мало задоцнување, извинете!)!

Рибери размислува на продолжување на договорот!

all we need is love!

all we need is love!

Пред неколку недели тој беше пред заминување,но сега Рибери сериозно размислува за продолжување на договорот во Баерн.

Рибери околу неговото продолжување на престојот во Баерн:

Клубот има некоја идеја,и јас имам истотака идеја.Во фудбалот понекогаш работите се одвиваат многу брзо.Мал состанок,и може веднаш да се одлучи правилно.

Француската ѕвезда одеднаш заљубена во Баерн, пред само некое време инсистираше на премин во шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Договорот на Рибери трае до 2011 година.Иако немало дискусија за продолжување на договорот, „се може да оди многу брзокако што вели Рибери.

По еден ситен конфликт со тренерот Ван Гал,Рибери се чувствува повторно удобно во Минхен.

Рибери:„Се чувствувам сакан тука“, „Важно е дека важните луѓе во клубот ми веруваат.Реакцијата на фановите по кам-бекот беше добра.Тоа ми дава многу сила“

„На почетокот беше доста тешко.Тренерот си имаше своја филозофија која беше тешко да се разбере.Но свативме дека тоа е доста интелегентно,и дека Ван аал има многу искуство.Ни требаше време да се навикнеме,а тој имаше доста барање.Но сега е одлично,и ја чувствуваме придобивката од сето тоа.

По натпреварот со Дортмунд Баерн патува во Израел на првото коло од Лигата на Шампионите.Според сите најави Рибери ќе биде во стартниот состав!

Започнува ФАНТАЗИ ЛШ

За сите фанови на Лигата на Шампионите ако не сте знаеле секоја година УЕФА организира ФАНТАЗИ натпреварување во кое гледачите можат да се натпреваруваат меѓу себе кој е подобар менаџер.

Прочитајте повеќе