Историја

Сите логоа на Баерн

FC Bayern München

Прекари :
– Der FCB (Баерн Минхен)
– Die Bayern (Баварци)
– Die Roten (Црвени)

Основан на: 27 Февруари 1900
Стадион: Allianz Arena
Публика (капацитет): 69,901

Официјална веб страна: FCB.de

Претседател: Franz Beckenbauer
Менаџер: L. Van Gaal
Лига: Bundesliga

Баерн е еден од трите фудбалски клубови во Минхен. Најголем локален ривал на Баерн е Минхен 1860, кој бил поуспешен тим во 1960-тите, освојувајќи ги куповите и шампионатите. 1860 често ротираат од прва во втора лига. Ривалството, барем од гледна точка на Баерн, губи на значајност последните 10 години, за разлика на фановите кој се од градот и младите играчи во градот. Повеќето фанови на Минхем 1860 се од работничката класа, додека помладите навиваат за Баерн.

Унтерахинг е третиот тим од Минхен. Тој е послаб тим, кој во Бундес лигата успеал да влезе во 1999 година, и се борел за опстанок. Тоа е последен пат кога тие биле во Бундес Лига сега се борат да влезат во прва, но и да не испаднат од втора.

Баерн е еден стабилен тим кој се одржува во борба за титулата речиси секоја година. Главни конкурент за освојување на Бундеслигата се: Вердер, Шалке, Хамбургер, Штутгарт и др.

Баерн е сега организација, попозната како FC Bayern München AG. 90% од FC Bayern München AG припаѓаат на FC Bayern München E.V. (e.v.-значи „регистрирана асоцијација“), а останатите 10% припаѓаат на Adidas, кој меѓудругото е и голем спонзор на Баерн Минхен. Адидас ги купиле своите акции во 2002 за 77 милиони Евра. Други поголеми спонзори на Баерн се Deutscher Telecom(T-Home-спонзор на дресевите), Audi, Simens, Laufthansa airlines и Coca-Cola. Претходни спонзори на дресевите биле: Adidas (1874-78), Iveco (1978-84), Commodore (1984-89), Opel (1989-2002) и Deutscher Telecom (T-Mobile,T-Com,T-Home/2002-*).

Претседател на надзорниот одбор во тимот е Франц Бекенбауер. Тој исто така е и директор во бордот на директори. Заменик претседател на извршен одбор и спортски дирекор е Ули Хенес, а највисока титула во тимот има, Карл-Хајнц Румениге кој е претседател на извршниот одбор.

Баерн Минхен е оформен на 27 Февруари 1900 год. од Гимнастичкиот клуб во Минхен. Првите неколку сезони тимот ги играл во регионалните Баварски лиги. Прв поголем успех е во 1926 год. во јужното германско првенство, достигнување кое го повториле и две години подоцна. Прв национален триумф имале во 1932 освојувајќи го Германското првенство. Со доаѓањето на Хитлер на власт развивањето на клубот замрело. Баерн бил преименуван во „Јевовиот клуб“, а тренерите ја напуштиле земјата.

Подоцна кога Баерн стана дел од јужната германска лига или Oberliga Süd. Баерн стангираше и во 1955 год. испаднал од таа лига. Наредната сезона успева да се врати и го освојува Германскиот куп победувајќи против Фортуна Диселдорф со 1-0 во Финалето. Во 1963 година поделените германски лиги се соединиле во Бундес Лигата. Баерн не бил член на БундесЛигата тогаш но станал 2 години подоцна со младите таленти: Франц Бекенбауер, Герд Милер, Степ Маер и др. Во првата сезона во Бундеслигата Баерн завршува 3 и го освојува Германскиот Куп со што учествува во Европскиот Куп на Купови, кој го освоиле таа година победувајќи го Ренџерс со 1-0. Бранко Зебец бил првиот тренер со кој Баерн освојал двојна титула, употребувајќи само 13 играчи во текот на сезоната.

Во 1970 доаѓа и нов тренер, Удо Латек, тој го освојува купот во првата сезона и го води Баерн до нивната трета национална титула. Решавачкиот натпревар во 1971-71 Баерн против Шалке, беше првиот натпревар одигран на Олимпискиот Стадион и првиот натпревар пренесуван на ТВ од БундесЛигата. Баерн победува со 5-1 и ја освојува титулата, но соборува и некои рекорди како најмногу поени и најмногу голови. Следен голем успех е освојувањето на Лигата на Шампионите во 1974 година победувајќи со 4-0 против Атлетико Мадрид. Наредната година Баерн биле послаби во БундесЛигата но успеваат да ја одбранат титулата во Лигата на Шампионите против Лидс Јунајтед. Наредната година во Глазгов Баерн уште еднаш ја освојува Лигата на Шампионите и станува 3 тим кој успеал да ја освои Лигата на Шампионите 3 пати по ред. Во 1976 Баерн го освојува и Интернационалниот Куп на ФИФА против Бразилскиот Крузерио Бело Хоризонте.

Во 80 следуваат промени во тимот и финансиски проблеми, но сепак Баерн успева да ја освои БундесЛигата во 1980 и 1981. Но следуваат две без трофејни сезони по што Удо Латек дава отказ. Баерн го освојува купот во 1984 и освојува 5 првенства во 6 сезони, вклучувајќи и една дупла титула во 1986. Но во Европа нема резултати, успеваат да стигнат само до второто место во 1982 и 1987. Формата на Баерн паѓа по освојувањето на титулата во 1990. За само 5 поени се спасуваат од испаѓање во сезоната 1991/92. Успесите се враќаат кога се враќа Франц Бекенбауер како тренер во втората половина од сезоната 1993/1994 освојувајќи ја титулата по 3 години пауза. Бекенбауер беше именуван за претседател но неговите успеси како тренер не беа воодушевувачки. Поради славните играчи кои играа во Баерн во овој период Баерн добива прехар FC Hollywood . Бекенбауер се враќа како тренер и го освојува Купот на УЕФА во 1996 година против Бордо во Финалето.

Од 1998-2004 тренер на Баерн е Отмарт Хитцфелд, кој станува најдобриот тренер на Баерн во историјата. Во неговата прва сезона Баерн ја освојува Бундес Лигата и за малце не ја освојува и Лигата на Шампионите во која губи од Манчестер со 2-1, двата гола ги прима во продолжението. Во сезоната 1999-2000 Баерн ја освојува нивната трета дупла титула. Третата по ред освоена БундесЛига следува во 2001 освојувајќи ја на последниот ден. Неколку дена подоцна Баерн ја освојува и Лигата на Шампионите победувајќи ја Валенсија на пенали. 2002 е без трофеј во Германија но го освојува по втор пат Интернационалниот Куп на ФИФА. Наредната сезона Баерн освојува и четврта дупла титула. Наредната година Хитцфелд се повлекува по слабите резултати.

Во 2005-2006 Баерн се преселува на новиот стадион Алианц Арената. Тренер на Баерн во овој период е Феликс Магат кој освојува две дупли титули, но нема поголеми успси во европските натпреварувања.

Во Јануари 2007 Феликс Магат беше избркан од Баерн и беше вратен Отмарт Хитцфелд-најуспешниот тренер на Баерн. Во сезоната 2006/07 во Баерн имаше многу промени и Баерн не освои ништо.

За сезоната 2007-08 Баерн е спремен со најдобриот состав досега. И како и што се очекуваше Баерн се покажа како што треба и ја освои двојната круна во Германија по седми пат. Во Купот на УЕФА стигна до полу финалето каде срамно беше поразен од тимот на Зенит од Сан Петерзбург со 4-0 на гостински терен. Се на се задоволителна сезона на Баварците, за следната сезона очекуваме уште подобар состав и уште повеќе титули.

На крајот од оваа сезона легендата на Баерн, Оливер Кан се повлече од професионалниот фудбал, за што фановите, играчите и челниците на тимот му приредија одличен опроштален натпревар.

Во сезоната 2008-09 на кормилото на Баерн доаѓа поранешната легенда и стрелец на тимот Јирген Клинсман, од кого се очекуваше да направи револуција. Сепак тој не ги задоволи баш фановите и челниците. Не направи посебен успех, рано испадна од германскиот куп, и беше катастрофално поразен од Барселона во Лигата на Шампионите со 4:0 на гостински терен. Сепак во таа иста сезона Баерн го собори и рекордот за најголема победа во нокаут фазата на истото натпреварување со 12:1 конечна победа против Спортинг Лисабон.

Клинсман доби отказ на крајот од Април, а за привремен тренер беше назначен Јуп Хејнкис. Тоа испадна добар потег на управата на Баерн, бидејќи во петте натпревари во кои Јуп го водеше тимот, Баерн четири пати победи и еднаш изигра нерешено. На крајот Баерн заврши втор во Бундеслигата.

За сезоната 2009/10 за нов тренер беше назначен Луис Ван Гал, од кој се очекува да направи револуција. Во летниот преоден рок, Баерн го собори трансфер рекордот на Бундеслигата со купувањето на Марио Гомез од Штутгарт за 30 милиони евра и направи еден солиден тим, кој може да се бори во Европа…

—————————————-

Освоени титули:

Титули
БундесЛига(21): 1932, 1968/69, 1971/72, 1972/73, 1973/74, 1979/80, 1980/81, 1984/85, 1985/86, 1986/87, 1988/89, 1989/90, 1993/94, 1996/97, 1998/99, 1999/2000, 2000/01, 2002/03, 2004/05, 2005/06, 2007/08
Германски Куп(14): 1957, 1966, 1967, 1969, 1971, 1982, 1984, 1986, 1998, 2000, 2003, 2005, 2006, 2008

Германски Лига Куп(6): 1997, 1998, 1999, 2000, 2004, 2007

Интернационален Куп(2): 1976,2001

Лига на Шампионите(4): 1974,1975,1976,2001

Куп на УЕФА(1): 1996

————————————-

Најдобар состав на сите времиња:

На 1 Јуни 2005 Баерн ги објави резултатите од јавното гласање за најдобар тим на сите времиња за кој гласаа над 66 000 фанови.

S. Maier
K. Augenthaler – G. Schwarzenbeck – F. Beckenbauer – P. Breitner
M. Scholl – S. Effenberg – L. Matthäus
K. Rummenigge – G. Müller – G. Elber
(тренер: O. Hitzfeld)

%d bloggers like this: