Archive

Archive for the ‘Лига на Шампионите’ Category

Макаби Хаифа 0-3 Баерн Минхен

Ван Бајтен и Милер им пресудија на израелците

Радост за супер-стартот

Радост за супер-стартот

Четирикратниот освојувач на престижната ЛШ, Баерн Минхен,новата сезона ја започна одлично-со победа од 3:0 над израелскиот претставник Макаби.

Иако фудбалерите од Минхен играа офанзивно со 4-3-3 формација и ја имаа иницијативата во целото прво полувреме,сепак  не можеа да го скршат отпорот на домаќините.Конечно во 64-та минута белгискиот интернационалец Даниел Ван Бајтен со неговиот погодок  го отвори резултатот.

Во 85-та минута 20-годишниот Томас Милер зголеми на 2:0,а само 3 минути подоцна Милер уште еднаш поентираше за конечни 3:0.

Другиот меч од оваа група Јувентус- Бордо завршри 1:1,па затоа Баерн Минхен уште на стартот ја зафати првата позиција во групата А.

Vodpod videos no longer available.

Мабаки Хаифа-Баерн Минхен 0:3 (0:0)
Макаби Хаифа: Davidovitch – Meshumar (Rafaelov 74), Teixeira, Keinan, Marsilela – Boccoli, Kayal (Arbaitman 68) – Golasa, Katan, Ghadir (Osman 68) – Dvalishvili
Баерн Минхен: Butt – Lahm, Van Buyten, Badstuber, Pranjic – Müller, Tymoshchuk, Schweinsteiger – Robben (Ottl 77), Olic (Sosa 86), Ribéry (Gomez 64)
Замени: Rensing, Breno, Braafheid, Altintop
Судија: Mr. Skomina (Slovenia)
Публика: 38 789
Голови: 0-1 Van Buyten (64), 0-2 Müller (85), 0-3 Müller (88)
Жолти картони: Boccoli / Ribéry, Lahm

Започнува треската наречена ЛШ

Вака изгледа сега,а како ќе изгледа групава во декември?

Вака изгледа сега,а како ќе изгледа групава во декември?

Баерн Минхен,Јувентус,Бордо и Макаби Хаифа-вака изгледа групата А од ЛШ.4 екипи со свои амбиции ќе се борат меѓусебно за едно од првите две места со цел продолжување кон финалето и престижот што доаѓа со него.Навидум,баварците заедно со Јувентус се фаворити во однос на незгодниот Бордо и аутсајдерот Макаби,но работите во суштина и не се така едноставни.

Во првото коло баварците ќе ја започнат овогодинешната трка по пехарот кој последен пат го освоија во 2001 година во Тел Авив против Макаби.Другиот меч во оваа група е Јувентус-Бордо.

Во пресрет на првото коло ви ја претсавуваме моменталната форма на Баерн и неговите опоненти од групата А.

Баерн-во германската бундес лига поминаа 5 кола,во кои баварците имаат скор од 2 нерешени,1 пораз и две високи победи за вкупни 8 бода,доволни само за 5-та позиција на табелата. Тренерот Луис Ван Гал на располагање за премиерниот дуел ќе ги има на располагање скоро сите играчи со исклучок на Марк Ван Бомел,Мартин Демикелис и Мирослав Клосе.Офанзивната формација 4-3-3 која ја преферира холандкиот стратег во последните  2 меча се покажа како ефективна,па сосема разбирливо е доколку Баерн се појават на теренот токму со оваа поставеност на фудбалерите.Најголемите адути и овојпат ќе бидат Рибери и Робен кои го препородија тимот во последните 2 седмици.По триумфот над Борусија во Дортмунд од 5-1,кај црвените владее позитивна атмосфера и реално е да се отчекува нова победа-прва во ЛШ.

Јувентус -екипа која сигурно ќе атакува на некое од првите две места и е вистинска закана за Баерн.Во трите кола кои изминаа во италијанската Серија А,старата дама има 100% учинок,доносно 9 бода.Со доаѓањето на Диего од Вердер на почетокот од сезонава,ефикасно беше заменет чехот Павел Недвед,па сега со “Царот Диего”  како што го нарекуваат италијанските медиуми, италијанците ќе се обидат да го повторат успехот од сезоната 2004/2005 каде два пати триумфираа во фазата по групи и завршија како првопласирани.Но,како што и тренерот на Јуве,Чиро Ферара,изјави: “тоа се само спомени кои би сакал да се повторат,но реално ќе биде многу тешко бидејќи и двата клуба се речиси скроз сменети од тоа време”.

Бордо -главниот товар ќе го понесе 23-годишниот Јоан Гуркуф,кој ќе биде убедливо најголемиот адут на французите.Франк Рибери е еден од обожавателите на Гуркуф,кој во неколку наврати рече: “кога играм со него во репрезентацијата имам чувство дека играм со Зидан”.Бордо  како екипа од сенка,имаат каков-таков капацитет за евентуално нарушување на мирниот тек на настаните во оваа група.Моментално се на делба на првата позиција во француското првенство со 13 бода,исто колку и Лион.

Макаби Хаифа – израелскиот првак а е  аутсајдерот во оваа група.Во грипната фаза стигнаа преку квалификации и според изјавите на нивниот тренер,не би требало да ги отпишеме од напред.Тој воедно потсети на изненадувачките триумфи над Манчестер Јунајтед и Олимпијакос во сезоната 2002/2003.

Како и да, е ова е нова сезона со која доаѓа и нова надеж.Дали конечно после 2001 Баерн Минхен ќе стане новиот сопственик на европкската круна?Дали по петти пат ќе ги израдува милионите фанови ширум светот или повторно ќе се изгуби некаде на патот кон мајското финале???

СРЕЌНО БАЕРН!!!

Како мислите дека Баерн треба да настапи против Макаби Хаифа?

Стадионот на Макаби Хаифа

Стадионот на Макаби Хаифа

Пред Баерн е првиот натпревар во Лигата на Шампионите, кој ќе го игра утре против израелскиот тим Макаби Хаифа.

Овој натпревар во живо можете да го проследите на http://bayernmunchen-livestream.blogspot.com/.

На Ван Гал на располагање за овој натпревар му се следниве играчи:

Голмани: Бут, Ренсинг

Дефанзивци: Лам, Ван Бајтен, Бадштубер, Брафхајд, Брено, Лел, Контенто

Везни: Швајнштајгер, Тимосчук, Прањиќ, Алтинтоп, Баумјохан, Соса, Отл

Напаѓачи: Робен, Рибери, Гомез, Олиќ, Милер, Сене

Направете ја вашата стартна формација со која Баерн би требало да настапи вечерва.

Прочитајте повеќе

Започнува ФАНТАЗИ ЛШ

За сите фанови на Лигата на Шампионите ако не сте знаеле секоја година УЕФА организира ФАНТАЗИ натпреварување во кое гледачите можат да се натпреваруваат меѓу себе кој е подобар менаџер.

Прочитајте повеќе

Најдобрите тимови на минатиот век

IFFHSИнститутот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) направи ранг листа на тимови за нивните настапи во минатиот век.

IFFHS долго и внимателно собирале и обработувале информации за резултатите и формата на европските тимови во текот на период од 1901 до 2000.

Според нив најдобар тим во тој период е Раел Мадрид, по кои следуваат Јувентус, Барселона, Милан и Баерн Минхен кој е петти.

Статистичарите на IFFHS во предвид ги зеле настапите на тимовите во европските натпреварувања, а не настапите во домашните првенства и купови.

Баерн Минхен се наоѓа на одличната петта позиција со само 0,75 поени зад италијански Милан, а следен германски тим после Баерн е Хамбургер на 18 позиција со 259 поени повеќе.

Еве ги најдобрите 20 тимови:

1. Реал Мадрид (Шпанија) – 563,50 поени
2. Јувентус (Италија) – 466,00
3. Барселона (Шпанија) – 458,00
4. Милан (Италија – 399,75
5. Баерн Минхен (Германија) – 399,00
6. Интер (Италија) – 362,00
7. Ајакс (Холандија) – 332,75
8. Ливерпул (Англија) – 300,25
9. Бенфика (Португалија) – 299,00
10. Андерлехт (Белија) – 231,00
11. Манчестер Јунајтед (Англија) – 220,00
12. Атлетико Мадрид (Шпанија) – 196,00
13. Ференчварос (Унгарија) – 190,00
14. Лидс Јунајтед (Англија) – 154,50
15. Спарта Прага (Чешка) – 149,50
16. Динамо Киев (Украина) – 144,50
17. Рома (Италија) – 141,50
18. Хамбургер (Германија) – 140,50
19. Борусија Менхенгладбах (Германија) – 136,50

20. Тотенхем (Англија) – 136,00

Live Football

Баерн против Јуве,Бордо и Макаби

Вака изгледаат сите групи

Вака изгледаат сите групи

Ждрепката за ЛШ одржана денес во Монако сакаше Баерн Минхен да биде во групата А заедно со Јувентус, Бордо и Макаби Хаифа.

Баерн како клуб од првиот шешир кој е всушност носител на групата за противници доби „средни“ екипи,па се чини дека најголемата закана во оваа прва фаза од најелитното натпреварување ќе му претставува единствено  италијанскиот Јувентус со кој би се бореле за првите две места во групата.Францускиот Бордо и Макаби кој е аутсајдер во групата би требало да водат битка за 3-то место  кое води во Лигата на Европа .

Имајќи в предвид дека екипи како Реал Мадрид, Интер и Лион беа во вториот шешир и беа потенцијални опоненти на Баерн, баварците би требало да бидат задоволни од ваквиот епилог на настаните.

Првото коло од овогодинешната сезона во ЛШ стартува на 15-ти и 16-ти септември.

Заработка од Лигата на Шампионите

Лигата на Шампионите значи поголем приход

Лигата на Шампионите значи поголем приход

Еве ви една табела од тоа кој колку заработи во минатата сезона од Лигата на Шампионите. Мислам дека бројките најдобро говорат зошто главна цел на Баерн беше пласман во ова натпреварување.

  1. Манчестер Јунајтед – 37,7 милиони евра
  2. Баерн Минхен – 34,5 милиони евра
  3. Барселона30,9 милиони евра
  4. Челзи – 30,4 милиони евра
  5. Интер – 28,2 милиони евра
  6. Арсенал – 26,4 милиони евра
  7. Рома – 26 милиони евра
  8. ПСВ Ајндховен – 25,5 милиони евра
  9. Лион – 23,6 милиони евра
  10. Ливерпул – 22,9 милиони евра

Со парите собрани од ЛШ, Баерн оваа сезона го купи Марио Гомез. Затоа беше директниот пласман во ЛШ бидејќи, освен тоа што е големо натпреварување, се вртат и огромни суми на пари.