Archive

Archive for the ‘за блогот’ Category

’Баерн Минхен – информатор‘ се сели на нов сервер

Новиот дизајнПромената на дизјанот што ја направивме пред неколку седмици, беше планирана за привремена, па плановите не се изменија.

Веќе подолго време работевме на нов дизајн и префрлување на овој информатор на нов сервер, а сега конечно можеме да кажеме дека се е спремно.

Повелете на www.bayernmkd.co.cc и проучете го новиот дизајн. Повеќе информации околу снаоѓањето со новиот дизајн имате тука.

Се надеваме дека ви се допаѓа промената и ќе продолжете редовно да не посетувате како и досега.

Фросина Аризанкоска/ Наум Баварец/ Милчо Балевски

Advertisements
Категории:за блогот

Среќен роденден Милер!!!

Среќен роденден!!

Среќен роденден!!

Денеска 13 Септември 2009 година, напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер го прослави неговиот 20 роденден.

Најдобриот подарок веројадно си го подари самиот себеси, а тоа беа неговите први два гола во Бундеслигата на мечот против Борусија Дортмунд.

На овој ден Милер веќе излегува од тинејџерските години и со сигурност станува врвен напаѓач.

Среќен роденден Томас и очекуваме многу голови од твоја страна!

ПС: Среќен роденден и на Фросина и на Бекенбауер (со мало задоцнување, извинете!)!

Започнува ФАНТАЗИ ЛШ

За сите фанови на Лигата на Шампионите ако не сте знаеле секоја година УЕФА организира ФАНТАЗИ натпреварување во кое гледачите можат да се натпреваруваат меѓу себе кој е подобар менаџер.

Прочитајте повеќе

Статистика

Рекорд во посетиНа ден 25 Август, на овој блог е забележана најголема посетеност откако постои. На тој ден имаше вкупно 1194 посети (отварање).

Тоа значи дека овој блог пополека станува водечки извор за информации поврзани со Баерн во Македонија, а во последно време имаме се поголем број на посети и од други држави (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина).

Иначе, новина на блогот е што сега може да биде преведуван на неколку јазици со помош на преведувачот од Google. Знаеме дека текстовите не се целосно точно, но може да се разбере.

Во продолжение еве ви неколку статистки поврзани со посетеноста и информациите на блогот:

Категории:за блогот

Нов изглед!

Гледаме дека Баерн не ја менува трансфер политиката и во сезоната се впушта со тестирање на млади фудбалери, па решивме ние да го променеме нашиот изглед, се со цел да му тргне на Баерн, можеби тоа бил малерот.

За новата сезона припремивме нов изглед на овој блог, кој се надеваме ќе ви се допадне. Новиот дизајн е далеку поедноставен и полесен за разгледување.

Прочитајте повеќе

Каде ќе гледаме Бундес?

Каде ќе гледаме Бундес?

Каде ќе гледаме Бундес?

Фановите на подобрите европски лиги се жалат заради блокираните термини од ФФМ, а фановите на Бундеслигата мака мачат со преносите веќе повеќе години.

Изминатите неколку сезони Бундеслигата ја следевме преку телевизијата АлСат М со коментар на албански јазик, а за оваа сезона официјалните права за пренос на Бундеслигата за Македонија ги има телевизијата Еуроспорт.

Тие си направија многу добра програма: четири натпревари по коло, плус преглед на колото во понеделник. Дури и најавија и коментар на сите 22 јазици во чиј држави ги имаат правата (вклучувајќи ја и Македонија).

Сето тоа е супер, но дали секој од нас ја фаќа Еуроспорт 2? Дали и таму важат блокираните термини? Никаде за ништо не се кажува. Последната официјална информација од Еуроспорт е од Декември минатата година.

Ова е еден апел до сите фанови на Баерн, дајте заедно да најдеме решение. Доколку некој фаќа Еуроспорт 2, каде што е предвидено да одат преносите, нека кажи дали навистина ќе ги има и дали некој некаде ја има сретнато таа Еуроспорт 2 која ќе има македонски коментар.

Како организација на македонски фанови на Баерн, ќе пратиме маилови до повеќто кабелски оператори да ја пуштат оваа програма, макар и само за време кога се играат натпреварите.

Во коментари оставете маил или веб адреса од вашиот кабелски оператори, па ќе пратиме една заедничка молба за да го гледаме овој канал.


Нов портал за гледање на сите натпревари на Баерн

Alle spiele alle tore

Alle spiele alle tore

Немој да се мачите да барате пренос од Баерн по десетици сајтови кои се линкуваат меѓу себе, а пренос нема никаде…сега можете се да најдете на едно место.

Повелете на http://bayernmunchen-livestream.blogspot.com/ и гледајте ги сите натпревари на Баерн, како и хајлајтси после секој натпревар.

Се на едно место, за сите фанови на Баерн…