Archive

Archive for the ‘Баерн Минхен – мечеви’ Category

Макаби Хаифа 0-3 Баерн Минхен

Ван Бајтен и Милер им пресудија на израелците

Радост за супер-стартот

Радост за супер-стартот

Четирикратниот освојувач на престижната ЛШ, Баерн Минхен,новата сезона ја започна одлично-со победа од 3:0 над израелскиот претставник Макаби.

Иако фудбалерите од Минхен играа офанзивно со 4-3-3 формација и ја имаа иницијативата во целото прво полувреме,сепак  не можеа да го скршат отпорот на домаќините.Конечно во 64-та минута белгискиот интернационалец Даниел Ван Бајтен со неговиот погодок  го отвори резултатот.

Во 85-та минута 20-годишниот Томас Милер зголеми на 2:0,а само 3 минути подоцна Милер уште еднаш поентираше за конечни 3:0.

Другиот меч од оваа група Јувентус- Бордо завршри 1:1,па затоа Баерн Минхен уште на стартот ја зафати првата позиција во групата А.

Vodpod videos no longer available.

Мабаки Хаифа-Баерн Минхен 0:3 (0:0)
Макаби Хаифа: Davidovitch – Meshumar (Rafaelov 74), Teixeira, Keinan, Marsilela – Boccoli, Kayal (Arbaitman 68) – Golasa, Katan, Ghadir (Osman 68) – Dvalishvili
Баерн Минхен: Butt – Lahm, Van Buyten, Badstuber, Pranjic – Müller, Tymoshchuk, Schweinsteiger – Robben (Ottl 77), Olic (Sosa 86), Ribéry (Gomez 64)
Замени: Rensing, Breno, Braafheid, Altintop
Судија: Mr. Skomina (Slovenia)
Публика: 38 789
Голови: 0-1 Van Buyten (64), 0-2 Müller (85), 0-3 Müller (88)
Жолти картони: Boccoli / Ribéry, Lahm
Advertisements

Започнува треската наречена ЛШ

Вака изгледа сега,а како ќе изгледа групава во декември?

Вака изгледа сега,а како ќе изгледа групава во декември?

Баерн Минхен,Јувентус,Бордо и Макаби Хаифа-вака изгледа групата А од ЛШ.4 екипи со свои амбиции ќе се борат меѓусебно за едно од првите две места со цел продолжување кон финалето и престижот што доаѓа со него.Навидум,баварците заедно со Јувентус се фаворити во однос на незгодниот Бордо и аутсајдерот Макаби,но работите во суштина и не се така едноставни.

Во првото коло баварците ќе ја започнат овогодинешната трка по пехарот кој последен пат го освоија во 2001 година во Тел Авив против Макаби.Другиот меч во оваа група е Јувентус-Бордо.

Во пресрет на првото коло ви ја претсавуваме моменталната форма на Баерн и неговите опоненти од групата А.

Баерн-во германската бундес лига поминаа 5 кола,во кои баварците имаат скор од 2 нерешени,1 пораз и две високи победи за вкупни 8 бода,доволни само за 5-та позиција на табелата. Тренерот Луис Ван Гал на располагање за премиерниот дуел ќе ги има на располагање скоро сите играчи со исклучок на Марк Ван Бомел,Мартин Демикелис и Мирослав Клосе.Офанзивната формација 4-3-3 која ја преферира холандкиот стратег во последните  2 меча се покажа како ефективна,па сосема разбирливо е доколку Баерн се појават на теренот токму со оваа поставеност на фудбалерите.Најголемите адути и овојпат ќе бидат Рибери и Робен кои го препородија тимот во последните 2 седмици.По триумфот над Борусија во Дортмунд од 5-1,кај црвените владее позитивна атмосфера и реално е да се отчекува нова победа-прва во ЛШ.

Јувентус -екипа која сигурно ќе атакува на некое од првите две места и е вистинска закана за Баерн.Во трите кола кои изминаа во италијанската Серија А,старата дама има 100% учинок,доносно 9 бода.Со доаѓањето на Диего од Вердер на почетокот од сезонава,ефикасно беше заменет чехот Павел Недвед,па сега со “Царот Диего”  како што го нарекуваат италијанските медиуми, италијанците ќе се обидат да го повторат успехот од сезоната 2004/2005 каде два пати триумфираа во фазата по групи и завршија како првопласирани.Но,како што и тренерот на Јуве,Чиро Ферара,изјави: “тоа се само спомени кои би сакал да се повторат,но реално ќе биде многу тешко бидејќи и двата клуба се речиси скроз сменети од тоа време”.

Бордо -главниот товар ќе го понесе 23-годишниот Јоан Гуркуф,кој ќе биде убедливо најголемиот адут на французите.Франк Рибери е еден од обожавателите на Гуркуф,кој во неколку наврати рече: “кога играм со него во репрезентацијата имам чувство дека играм со Зидан”.Бордо  како екипа од сенка,имаат каков-таков капацитет за евентуално нарушување на мирниот тек на настаните во оваа група.Моментално се на делба на првата позиција во француското првенство со 13 бода,исто колку и Лион.

Макаби Хаифа – израелскиот првак а е  аутсајдерот во оваа група.Во грипната фаза стигнаа преку квалификации и според изјавите на нивниот тренер,не би требало да ги отпишеме од напред.Тој воедно потсети на изненадувачките триумфи над Манчестер Јунајтед и Олимпијакос во сезоната 2002/2003.

Како и да, е ова е нова сезона со која доаѓа и нова надеж.Дали конечно после 2001 Баерн Минхен ќе стане новиот сопственик на европкската круна?Дали по петти пат ќе ги израдува милионите фанови ширум светот или повторно ќе се изгуби некаде на патот кон мајското финале???

СРЕЌНО БАЕРН!!!

Како мислите дека Баерн треба да настапи против Макаби Хаифа?

Стадионот на Макаби Хаифа

Стадионот на Макаби Хаифа

Пред Баерн е првиот натпревар во Лигата на Шампионите, кој ќе го игра утре против израелскиот тим Макаби Хаифа.

Овој натпревар во живо можете да го проследите на http://bayernmunchen-livestream.blogspot.com/.

На Ван Гал на располагање за овој натпревар му се следниве играчи:

Голмани: Бут, Ренсинг

Дефанзивци: Лам, Ван Бајтен, Бадштубер, Брафхајд, Брено, Лел, Контенто

Везни: Швајнштајгер, Тимосчук, Прањиќ, Алтинтоп, Баумјохан, Соса, Отл

Напаѓачи: Робен, Рибери, Гомез, Олиќ, Милер, Сене

Направете ја вашата стартна формација со која Баерн би требало да настапи вечерва.

Прочитајте повеќе

Супер-Баерн: Петарда во Дортмунд!!! (мултимедија)

Vodpod videos no longer available.

Борусија Дортмунд 1-5 Баерн Минхен

Дортмунд 1-5 БаернИако Баварците стартуваа несигурно во овој натпревар и први примија гол, сепак на крајот на виделина излезе квалитетот и амбициите на Баерн.

Прочитајте повеќе

Најава: Борусија Дотрмунд-Баерн Минхен

Можните формации на двете екипи

Можните формации на двете екипи

По пауза од 2 недели,конечно продолжуваат возбудувањата ширум Германија.На програмата е 5-то коло каде Баерн Минхен ќе  му гостува на тимот на Бурусија во Дортмунд.

Во воведните 4 кола двата тима немаа којзнае каков импресивен старт,па утрешниот меч ќе биде одлична можност за двете страни да го поправат впечатокот и да се искачат погоре на бундеслигашката табела.Баварците кои на утрешниот натпревар ќе бидат во улога на гости ќе влезат со учинок од 5 бода,исто колку и домаќините.За Баерн ова ќе биде втор дерби-меч откако во рамките на 4 коло го совлада бранителот на титулата,Вифлсбург,со 3-0.За Борусија пак,ова ќе биде трет потежок испит (претходно загуби на гости од Хамбургер со 4-2 и имаше нерешен исход на дуелот со Штутгарт).

Тренерот на Баварците,Луис Ван Гал,најави офанзивна формација (4-3-3) и ќе ги има на располагање речиси сите фудбалери,односно ќе недостасуваат само капитенот Марк Ван Бомел,Демикелис,Лука Тони и Герлиц.

Кај милионерите ќе недостасува капитенот Себастиан Кел.Нивниот тренер,Јирген Клоп,најави отворена и храбра игра меѓутоа не заборави и да го пофали најтрофејниот германски клуб.

„Баерн е на исто ниво како и Реал Мадрид.Имаат неколку играчи од светска класа како Рибери и Робен на кои не смееме да им дадеме слободен простор за игра.Сепак ние ќе играме пред преполниот Сигнал Идуна Парк и ќе ја имаме поддршката од публиката на своја страна“-рече Клоп.

До сега овие две екипи се имаат сретнато вкупно 80 пати во рамките на бундеслигата,од кои Баерн триумфирал на 36 од нив.

Еве ги статистичките податоци за нивните меѓусебни дуели

Вкупно натпревари: 80
Вкупно голови :100-153 во корист на Баерн
На домашен терен: Победи: 25 Нерешени: 9 Порази: 6
Голови: 99-39 во корист на Баерн
На гостински терен: Победи: 11 Нерешени: 17 Порази: 12
Голови: 61-54 во корист на Борусиа
Меѓусебни мечеви меѓу овие екипи во последните 3 сезони
Сезона: Дата: Домаќин: Гостин: Резултат:
2008/2009 08.02.2009 Баерн М. Борусиа Д. 3-1
2008/2009 23.08.2009 Борусиа Д. Баерн М. 1-1
2007/2008 13.04.2008 Баерн М. Борусиа Д. 5-0
2007/2008 28.10.2007 Борусиа Д. Баерн М. 0-0
2006/2007 26.01.2007 Борусиа Д. Баерн М. 3-2
2006/2007 11.08.2006 Баерн М. Борусиа Д. 2-0

13 ѕвезди на Баерн на репрезентативна должност

Ќе се разделат 10-тина дена

Ќе се разделат 10-тина дена

Следното бундес коло е дури на 12-ти и 13-ти септември,па така овие десетина дена вкупно 13 фудбалски имиња кои го носат баварскиот дрес,ќе заминат да си ја одработат должноста за репрезентацијата во која настапуваат.

Клосе,Гомез,Швајнштајгер и Лам ќе бидат дел од селекцијата на Германија која на  9-ти септември во Хановер ја пречекува нискорангираната репрезентација на Азербејџан и ќе се обидат да и помогнат да го задржи првото место во групата.

Новото засилување Робен заедно со Брајфхарт ги отчекува само ревијален  натпревар со холандскиот состав бидејќи лалињата  се одамна пласирани на Мундијалот следната година притоа   постигнувајќи 7 победи во 9 меча.

И хрватската фудбалска репрезентација има двајца играчи кои се дел од германскиот гигант-Илица Олич и Данијел Прањич.Овие играчи ќе му бидат на располагање на хрвстакиот селектор за престојните дуели со Белорусија во Загреб и на гости против Англија со цел задржување на втората позиција во групата .

Се чини дека тешка задача ќе има Анатолиј Тимошчук кој во дресот на Украина ќе се соочи најпрво со Андора дома  а потоа и со Белорусија во гости ,и ќе терба да го  даде неговиот максимум за евентуално заземање на втората позиција во групата 6 кое води на Светското Првенство.

Франк Рибери ќе игра за Франција.Несомнено најдобриот играч на баварците кој штотуку се опорави од повредата ќе мора да направи се што е во негова моќ за да  им помогне на триколорите да извојуваат победи против Романија и моментално првопласираната Србија.Во моментов Французите имаат 13 бода, 5 помалку од Србите.

Хамит Алтинтоп ќе настапи за Турција.Турција е моментално на 3-та позиција со 4 бода заостанување во однос на второпласираната Босна и Херцеговина со која на  5-ти септември ќе имаат директна пресметка.Вториот дуел  на Турците е против Естонија.

Корпулентниот Даниел Ван Бајтен со белгиската репрезентација е прилично далеку од евентуален пласман на Мундијалот.Белгија е во групата 5 со само 7 освоени бода,па така мечевите против Шпанија и Естонија нема да имаат некое големо значење за нив.

Младиот Бадштуберг ќе игра за Германскиот состав до 21 година.На 4-ти септември Германија силите ќе ги одмери со Сан Марино а потоа и со Чешка.Овие натпревари се дел од квалификациите за следното Европско првенство за фудбалери до 21 година кое ќе се одржи во Данска во 2011.

Останува да видиме како овие 13-мина ќе се покажат во претстојните натпревари и да се надеваме дека никој нема да заработи некоја посериозна повреда која би била кобна за Баерн Минхен.