Archive

Archive for the ‘Баерн Минхен – Трансфери’ Category

Лука Тони ќе му биде понуден на Милан

Никој не го сака

Никој не го сака

За италијанскиот голгетер нема повеќе место во тимот на Баерн Минхен,па затоа во јануари најверојатно ќе им биде отстапен на росоњерите.

Според Билд, раководството на Баерн вложува големи напори за што поскоро да се ослободи од услугите на Лука Тони.Играчот кој во 2007 година се пресели на Алианц Арената од екипата на Фиорентина,сезонава не е на листата на играчи на кои смета тренерот Луис Ван Гал па затоа во јануари Тони ќе му биде понуден на Милан.Искусниот фудбалер сака престојнава сезона да игра во некој клуб за да може да се избори за место во италијанскиот национален состав кој ќе настапува на Мундијалот следното лето.

Сепак во моментов,од една страна росоњерите имаат поголеми грижи отколку да ангажираат играч плус, но од друга страна пак, доколку Марко Бориело не се опорави од повредата или ако Хунтелар не успее да се вклопи во играта на миланскиот клуб,би можеле сериозно да размислат за понудата на баварците.

Advertisements

Коларов интересен за челниците на Баерн

И тој стана мета на Баерн

И тој стана мета на Баерн

Баерн Минхен се приклучи на листата на клубови кои се заинтересирани за потписот на дефанзивецот на Лацио-Александар Коларов.

И по завршувањето на официјалниот преоден рок на фудбалскиот пазар,шпекулациите околу можните трансфери не запираат.Имено,баварскиот гигант продолжува со потрагата по квалитетен одбранбен фудбалер а погледите  овој пат се насочени кон 23-годишниот Александар Коларов,кој според  управата на Баерн,би бил добар не само во одбраната туку би бил од голема помош и во офанзивниот дел од играта.

Сепак,српскиот интернационалец  има договор со бјанконерите кој истекува во 2012 година со плата од 250 000 евра по сезона,а освен Баерн Минхен за него покажа интерес  и големата тројка од Италија-Јувентус,Интер и Милан.

Алекс во Баерн?

Ќе се реализира ли овој трансфер?

Ќе се реализира ли овој трансфер?

Играчот на Челзи би можел да ја пополни празнината во баварската одбрана.

Како што наведува Дејли Мејл,дефанзивецот кој моментално настапува во Челзи,е на мета на челниците на Баерн Минхен и Ливерпул.

Неговиот договор со лондонскиот клуб му истекува во 2010 година,меѓутоа не е исклучена можноста за негов предвремен трансфер.

Откако Лусио летово замина во Милано во екипата на Интер,Баерн остана без квалитетен одбранбен фудбалер,па тренерот Луис Ван Гал се обидува да најде соодветна замена за него.

Реал Мадрид,Јувентус ,Милан и Лион се останатите клубови кои атакуваат на Алекс.

Баерн во потрага по квалитетен голман

Ќе биде ли наскоро голман број 1 во Баерн?

Ќе биде ли наскоро голман број 1 во Баерн?

Според пишувањата на рускиот весник Спорт Експрес,тренерот на баварците,Луис Ван Гал,сериозно е заинтересиран за голманот на ЦСКА Москва-Игор Акинфеев.

Ваквите најави доаѓаат откако Михаел Ренсинг и Ханс Јорг Бут во досегашниот дел од сезоната не успеаја да го имресионираат холаѓанецот.

Игор Акинфеев   иако има само 23 години сепак до сега има одиграно 150 натпревари за руската екипа и 30 пати го носел репрезентативниот дрес на Русија и тоа беше повод за баварскиот гигант да го посака во своите редови и конечно да го реши проблемот на голмаската позиција.Сумата која ЦСКА Москва ја бара за него изнесува 25 милиони евра, а евентуалниот трансфер би се реализирал веќе во јануари.

Покрај Баерн Минхен,за него интерес пројави и Манчестер Јунајтед.

Тони планира да го напушти Баерн

Сака да биде стартер-Лука Тони

Сака да биде стартер-Лука Тони

Италијанскиот голгетер,Лука Тони, изјави дека доколку наскоро не добие можност да заигра во стартната постава сериозно ќе ги разгледа опциите за негово заминување од Минхен.

Отако летово баварците се засилија со Марио Гомез од Штутгарт,Тони го загуби местото во тимот па сега му преостанува да ги следи натпреварите од клупата за резервни играчи.

„Јас сум свесен за моите квалитети како играч.Постојат многу клубови и ако наскоро не добијам шанса да заиграм ќе размислам за мојата иднина во Баерн.Не се плашам од конкуренцијата и нема да ми смета да одиграм неколку меча како резервист,но сакам да одиграм и цели 90 минути“- изјави Лука Тони.

Актуелниот договор на италијанецот со баварскиот клуб му истекува летото 2011,меѓутоа не е исклучена можноста за негово заминување уште во јануарскиот преоден рок.

Во последен момент пропаднал трансферот на Лел – виновник: самиот играч

Како во земја да пропаднал кога требало да го потврди трансферот

Како во земја да пропаднал кога требало да го потврди трансферот

Кога се изгледало дека е  договорено и останале само уште неколку детали околу трансферот на Лел во Стоук Сити во Премиерлигата, сепак трансферот пропаднал.

Како што пренесува босанскиот блог bavarci.blogger.ba Баерн и Стоук во вторникот (трансфер периодот за британците беше до 1ви) се договориле за трансфер на Христијан Лел во англискиот тим за 3.5 милиони евра.

Но, трансферот пропаднал благодарение на веќе предвреме отпишаниот Лел. Кога управата ан Баерн се обидела да го контактира Лел за да го потврдат трансферот, тврдоглавиот играч не се јавувал на ниту еден телефон, како во земја да пропаднал.

Така пропаднал овој трансфер договорен во последните секунди кој би му донел на Баерн 3.5 милиони евра. Оштетен остана и Стоук, кој не пронајдоа адекватен десен бек, а оштетен остана и Баерн бидејќи не го продаде овој играч, кој не е во плановите на Ван Гал.

Каде бил Лел таа вечер и зошто не се јавувал на мобилен, како и дали ќе сноси некоја казна останува да видиме кога Лел ќе се појави.

Најскапите трансфери во Бундеслигата

Најскапиот трансфер во Бундеслигата

Најскапиот трансфер во Бундеслигата

Во изминатиов трансфер период, германските бундеслигашки тимови и покрај економската криза потрошија најголема сума на пари.

Германските тимови потрошија 212,25 милиони евра, што е за 17,87 милиони повеќе од минатогодишното трошење. Овогодинешното пазарење беше прогласено за најскапо во историјата на Бундеслигата.

Во текот на изминатото лето 166 играчи потпишаа нови договори, а 138 играчи беа продадени за што германците заработија 111,66 милиони евра.

Еве ви ги најскапите трансфери оваа сезона:

1. Марио Гомез (од Штутгарт во Баерн) – 30 милиони евра
2. Аријен Робен (од Реал Мадрид во Баерн) – 24 милиони евра
3. Анатоли Тимосчук (од Зенит во Баерн) – 11 милиони евра

4. Обафеми Мартинс (од Њукасал во Волфзбург) – 10.5 милиони евра
5. Лукас Подолски (од Баерн во Келн) – 10 милиони евра
6. Маркус Берг (од Гронинген во Хамбургер) – 10 милиони евра
7. Елјеро Елиа (од Твенте во Хамбургер) – 9 милиони евра
8. Марко Марин (од Менхенгладбах во Вердер) – 8.2 милиони евра
9. Здравко Кузмановиќ (од Фиорентина во Штутгарт) – 8 милиони евра
10. Данијел Прањиќ (од Херенвен во Баерн) – 7,7 милиони евра
11. Јосип Симовиќ (од Херта во Хофенхајм) – 7 милиони евра
12. Карим Зијани (од О. Марсеј во Волфзбург) – 7 милиони евра
13. Клаудио Пизаро (од Челзи во Вердер) – 6 милиони евра
14. Давид Розенхал (од Лацио во Хамбургер) – 4.9 милиони евра
15. Павел Погребњак (од Зенит во Штутгарт) – 4.8 милиони евра
16. Франко Зучулини (од Расинг во Хофенхајм) – 4.6 милиони евра
17. Штурмер Мајкусел (Хофенхајм) – 4.5 милиони евра
18. Раул Бобадиља (од Граскоперс во Менхенгладбах) – 4.2 милиони евра
19. Мет Хамелс (од Баерн во Б. Дортмунд) – 4.2 милиони евра
20. Зе Роберто (од Баерн во Хамбургер) – 4 милиони евра

21. Ерен Деридикој (од Базел во Леверкузен) – 3.8 милиони евра
22. Томас Каленберг (од Оксер во Волфзбург) – 3.7 милиони евра
23. Хуан Аранго (од Мајорка во Менхенгладбах) – 3.6 милиони евра