Archive

Author Archive

Ексклузивно:Баерн ќе инкасира 100 милиони евра!!!

му се насмевнуваат 100 милиони-Ули Хенес

му се насмевнуваат 100 милиони-Ули Хенес

Ексклузивната информација која пристигна денеска од страна на весникот Келн-Екпсрес,е дека Баерн Минхен ќе продаде 10% од своите акции и ќе заработи точно 100 милиони евра.Компанијата која ќе ги купи овие акции е нивниот бизнис-партнер и спонзор Ауди.Со оваа зделка Баерн добива силна финансиска подршка за своите активности,особено на траснфер пазарот.Ули Хенес денеска ги потврди овие шпекулации во весникот ТЗ.Ваква здела се случи и во 2002 година,кога партнер тогаш беше спортскиот гигант Адидас.

Да се надеваме дека менаџерите на Баерн ја имаат правата стратегија за трошење на овие пари.

Advertisements
Категории:Баерн Минхен

Баерн и Рафиња….се наближува ли нов трансфер???

ќе стане ли наскоро црвен?

ќе стане ли наскоро црвен?

„Нема да има голема продажба на играчи бидејќи немаме потреба од тоа“ вели спортскиот директор на Шалке Клеменс Тоние,и навести дека Шалке во зимскиот период не се приморани да ги продаваат играчите.Нo останува фактот дека Шалке се наоѓа во голема финансиска криза,што беше потврдено и од страна на тренерот Феликс Магат.

„Нема подобар дефанзивец во Бундеслигата од него“ го пофалува Магат.„Ако игра добро,може да биде конкурентен и за во Барселона“

„Со 35 милиони од Барса би бил презадоволен“

Сумата секако неможе да биде сватена сериозно,тоа е секако само со цел да се добијат што повеќе пари за Рафиња.Во секој случај Магат очекува повик до Баерн ако Рафиња продолжи да игра добро како до сега.

„Ако продолжи со истито перформанс,Баерн ќе се јават“

Рафиња беше депресиран поради тоа што тој уште во летото сакаше да направи траснфер,а преминот во Баерн беше откажан при крајот на август.

Рафиња и Баерн:станува се „пожешко“…

Категории:Баерн Минхен

Рибери размислува на продолжување на договорот!

all we need is love!

all we need is love!

Пред неколку недели тој беше пред заминување,но сега Рибери сериозно размислува за продолжување на договорот во Баерн.

Рибери околу неговото продолжување на престојот во Баерн:

Клубот има некоја идеја,и јас имам истотака идеја.Во фудбалот понекогаш работите се одвиваат многу брзо.Мал состанок,и може веднаш да се одлучи правилно.

Француската ѕвезда одеднаш заљубена во Баерн, пред само некое време инсистираше на премин во шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Договорот на Рибери трае до 2011 година.Иако немало дискусија за продолжување на договорот, „се може да оди многу брзокако што вели Рибери.

По еден ситен конфликт со тренерот Ван Гал,Рибери се чувствува повторно удобно во Минхен.

Рибери:„Се чувствувам сакан тука“, „Важно е дека важните луѓе во клубот ми веруваат.Реакцијата на фановите по кам-бекот беше добра.Тоа ми дава многу сила“

„На почетокот беше доста тешко.Тренерот си имаше своја филозофија која беше тешко да се разбере.Но свативме дека тоа е доста интелегентно,и дека Ван аал има многу искуство.Ни требаше време да се навикнеме,а тој имаше доста барање.Но сега е одлично,и ја чувствуваме придобивката од сето тоа.

По натпреварот со Дортмунд Баерн патува во Израел на првото коло од Лигата на Шампионите.Според сите најави Рибери ќе биде во стартниот состав!

Супер-Баерн: Петарда во Дортмунд!!! (мултимедија)

Vodpod videos no longer available.

Баерн сака уште ѕвезди во тимот:Рибери и Робен се само почеток

само квалитетот носи успех

само квалитетот носи успех

Со милионските траснфери на Рибери и Робен Баерн кончено сака да започне нов пат во својата трансфер-политика.“Последниот трансфер ни покажа дека треба да се има доверба во класата на еден играч.Тоа ни го покажа Франк Рибери,и сега со трансферот на Арјен Робен тоа само се потврди“ вели спортскиот директор Кристиан Нерлингер во интервју за официјалната страна на Баерн.

“Ние треба да се обидеме во иднина да носиме само светска класа играчи во Баерн„вели Нерлингер.За трансферот на Робен беа потрошени 25 милиони евра.

Рибери направи траснфер во Баерн во 2007-мата од Олимпик Марсеј за 25 милиони евра,а најскапиот трансфер во Баерн е Марио Гомез од Штутгарт кој премина во Минхен за 30 милиони евра.

Со Робен Баерн се подготвени за предизвиците,смета Нерлингер,и тоа за Бундеслигата,Купот и Лигата на Шампионите.“Сега имаме состав кој нуди многу можности и алтернативи„

Посебно Нерлингер беше импресиониран од дебито на Робен против Волфсбург во кое Баерн победи со 3-0.“Тој имаше само еден краток тренинг пред натпреварот со играчите на Баерн.Влезе на полувреметео и со својот настап предизвика 45 минути на фудбал од соништата.

Категории:Баерн Минхен

Повторно е забавно на Алианц Арена

Aлианц Арена,29.08,Баерн-Волфсбург,80 минута.Слободен удар изведува Мисимовиќ.Лош центаршут,а топката се одбива право до Арјен Робен кој се наоѓа на средината на теренот.Робен ја прима топката поминувајќи го Дежага.Алианц Арена е на нозе……..Робен пред себе има празен простор,и започнува со својата експлозија…..Рибери во ист стил трча покрај него.Сите погледи вперени кон овие двајца….Робен подава до својот колега,миленикот на минхенската публика.Во својот препознатлив бомбастичен стил поминува речиси половина терен.Несебично,топката оди повторно до летечкиот холанѓанин.Овој нема милост…...Екстаза кај фановите на Баерн Минхен!!!

делириум кај фановите-бесценето

делириум кај фановите-бесценето

За момент на сите им се вратија сеќавањата од пред две сезони.Тогаш наместо Робен,во слична улога беше Лука Тони.Комбинации,пасови,нафрлања голови,а фановите на Баерн беа на нозе.Таа сезона помина спектакуларно,исполнета со многу трофеи,и пред се со многу забава.

Следеше помалку хаотичен период.Се сменија многу работи во Баерн.И тоа од корен.Заминаа маркантни личности,за кого требаше подолго време да се надоместат.Една цела сезона,со многу проблеми,многу препирања,безброј дилеми,а малку задоволство.Особено за фановите.Арената не беше повеќе онаква каква навикнавме да ја гледаме.Рибери не беше константен во формата,исто важеше и за Тони.Едноставно забавата исчезна,а Хенес се повеќе поцрвенуваше,отколку што славеше.

Овој преоден рок беше вистинската шанса тоа да се промени и никогаш да не се повтори.Повторно целосна промена на играчкиот и тренерскиот кадар.Нов тренер,нови лица,нови фудбалери.Огромна доверба од страна на фановите,и надеж за многу титули.Никој не сакаше ни да помисли на она што се случуваше лани.Подготвителниот период помина очекувано и започна новата сезона.Момент кога сето тоа мора да се спроведе на дело.

Прочитајте повеќе

Категории:Колумни

Робен пристигна.Баерн се припрема за Волфсбург

Денешниот ден ќе биде долго запаметен во сеќавањата на фановите на Баерн.Денеска во Минхен пристигна фудбалер од светска класа.Човек со фантастична техника,брзина и можеби најдобра контрола на топка во светот.Арјен Робен е дефинитивно еден од најдобрите крилни напаѓачи кои постојат во моментот,во иста класа со баварскиот херој Франк Рибери.

Но ситуацијата во која се наоѓа моментално Баерн не налагаше некои поголеми презентации,и Робен по потпишувањето на договорот(со валидност до 2013) веднаш се упати кон тренинг центарот на Баерн каде ќе го одработи последниот тренинг пред дербито на колото со шампионот на Германија.

Запрашан дали ќе настапи утре на Алианц Арена,Робен одговори дека е сосема подготвен,дека имал одлична пред-сезона со Реал и утре може да го пружи максимумот.Истотака додаде дека е пресреќен што е во Баерн,и дека клубот му дал до знаење дека тој е и повеќе од добредојден.

Сабота, 18:30, Алианц Арена натпревар од 4-тото коло од Бундеслигата против шампионот Волфсбург.Тука Баерн нема право на кикс.Со доаѓањето на Робен неговиот сонародник Ван Гаал има многу опции.Се шпекулира дека утре Баерн ќе настапи со 4-3-3 формацијата.Рибери е фит за настап,но Ван Гаал изјави денеска на прес конференцијата дека французинот би требало да игра 20 мин до половина час.Сепак и во таков случај Ван Гаал има многу тактички опции.

Па да ги разгледаме:

8

52

53

55

54

Да им посакаме среќа утре на фудбалерите,и да им приредиме една петарда на Волфсбург на Алианц Арената!!!

Категории:Баерн Минхен