Archive

Author Archive

’Баерн Минхен – информатор‘ се сели на нов сервер

Новиот дизајнПромената на дизјанот што ја направивме пред неколку седмици, беше планирана за привремена, па плановите не се изменија.

Веќе подолго време работевме на нов дизајн и префрлување на овој информатор на нов сервер, а сега конечно можеме да кажеме дека се е спремно.

Повелете на www.bayernmkd.co.cc и проучете го новиот дизајн. Повеќе информации околу снаоѓањето со новиот дизајн имате тука.

Се надеваме дека ви се допаѓа промената и ќе продолжете редовно да не посетувате како и досега.

Фросина Аризанкоска/ Наум Баварец/ Милчо Балевски

Категории:за блогот

Како мислите дека Баерн треба да настапи против Макаби Хаифа?

Стадионот на Макаби Хаифа

Стадионот на Макаби Хаифа

Пред Баерн е првиот натпревар во Лигата на Шампионите, кој ќе го игра утре против израелскиот тим Макаби Хаифа.

Овој натпревар во живо можете да го проследите на http://bayernmunchen-livestream.blogspot.com/.

На Ван Гал на располагање за овој натпревар му се следниве играчи:

Голмани: Бут, Ренсинг

Дефанзивци: Лам, Ван Бајтен, Бадштубер, Брафхајд, Брено, Лел, Контенто

Везни: Швајнштајгер, Тимосчук, Прањиќ, Алтинтоп, Баумјохан, Соса, Отл

Напаѓачи: Робен, Рибери, Гомез, Олиќ, Милер, Сене

Направете ја вашата стартна формација со која Баерн би требало да настапи вечерва.

Прочитајте повеќе

Среќен роденден Милер!!!

Среќен роденден!!

Среќен роденден!!

Денеска 13 Септември 2009 година, напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер го прослави неговиот 20 роденден.

Најдобриот подарок веројадно си го подари самиот себеси, а тоа беа неговите први два гола во Бундеслигата на мечот против Борусија Дортмунд.

На овој ден Милер веќе излегува од тинејџерските години и со сигурност станува врвен напаѓач.

Среќен роденден Томас и очекуваме многу голови од твоја страна!

ПС: Среќен роденден и на Фросина и на Бекенбауер (со мало задоцнување, извинете!)!

Започнува ФАНТАЗИ ЛШ

За сите фанови на Лигата на Шампионите ако не сте знаеле секоја година УЕФА организира ФАНТАЗИ натпреварување во кое гледачите можат да се натпреваруваат меѓу себе кој е подобар менаџер.

Прочитајте повеќе

Борусија Дортмунд 1-5 Баерн Минхен

Дортмунд 1-5 БаернИако Баварците стартуваа несигурно во овој натпревар и први примија гол, сепак на крајот на виделина излезе квалитетот и амбициите на Баерн.

Прочитајте повеќе

Лука Тони се сели во третата германска лига?

Ќе игра за Баерн 2?

Ќе игра за Баерн 2?

Најплатениот играч на Баерн, а воедно и еден од најплатените кои греат клупа, можно е да заигра во третата германска лига.

Иако зема по 10 милиони евра годишно (6 милиони евра плата и плус спонзори), Лука Тони е еден од најплатените играчи кои седи на клупа и нема место во првиот тим.

Веќе некое време тој се поврзува со трансфер надвор од Алианц Арената, бидејќи Луис Ван Гал смета дека не е доволно добар за првиот тим.

Ова лето Тони сепак остана во Минхен, а сега се верува дека може да настапува во третата германска лига, што и сам побарал.

„Ме праша дали може да игра за нашиот втор тим. Во моментов се обидуваме да организираме пријателски натпревар во кој ќе заигра. Или пак во третата лига.“ изјави Ван Гал кој идејата Тони да игра во тимот на Мехмет Шол ја прими сериозно. Иако Баерн 2 игра во ниските лиги и се наоѓа на 14 позиција од вкупно 20.

Повредата на ахиловата тетива го одалечи Тони речиси два месеци од терените, со што го изгуби местото во првиот тим на Баерн.

Па сега сака со настапите за Баерн 2 да се врати во форма, што и не е така лоша идеја. Италијанецот кажа дека е спремен уште денес да заигра за вториот тим на Баерн во дуелот против второпласираниот Сандхаузен.

Најдобрите тимови на минатиот век

IFFHSИнститутот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) направи ранг листа на тимови за нивните настапи во минатиот век.

IFFHS долго и внимателно собирале и обработувале информации за резултатите и формата на европските тимови во текот на период од 1901 до 2000.

Според нив најдобар тим во тој период е Раел Мадрид, по кои следуваат Јувентус, Барселона, Милан и Баерн Минхен кој е петти.

Статистичарите на IFFHS во предвид ги зеле настапите на тимовите во европските натпреварувања, а не настапите во домашните првенства и купови.

Баерн Минхен се наоѓа на одличната петта позиција со само 0,75 поени зад италијански Милан, а следен германски тим после Баерн е Хамбургер на 18 позиција со 259 поени повеќе.

Еве ги најдобрите 20 тимови:

1. Реал Мадрид (Шпанија) – 563,50 поени
2. Јувентус (Италија) – 466,00
3. Барселона (Шпанија) – 458,00
4. Милан (Италија – 399,75
5. Баерн Минхен (Германија) – 399,00
6. Интер (Италија) – 362,00
7. Ајакс (Холандија) – 332,75
8. Ливерпул (Англија) – 300,25
9. Бенфика (Португалија) – 299,00
10. Андерлехт (Белија) – 231,00
11. Манчестер Јунајтед (Англија) – 220,00
12. Атлетико Мадрид (Шпанија) – 196,00
13. Ференчварос (Унгарија) – 190,00
14. Лидс Јунајтед (Англија) – 154,50
15. Спарта Прага (Чешка) – 149,50
16. Динамо Киев (Украина) – 144,50
17. Рома (Италија) – 141,50
18. Хамбургер (Германија) – 140,50
19. Борусија Менхенгладбах (Германија) – 136,50

20. Тотенхем (Англија) – 136,00

Live Football