Archive

Author Archive

Даниел Ван Бајтен: Сакам да ја освојам ЛШ

Освојувањето на ЛШ сеуште му е неостварена желба

Освојувањето на ЛШ сеуште му е неостварена желба

Даниел ван Бајтен за кратко време се здоби со репутација на главен играч во ЛШ за Баерн.Слично како и минатата сезона,и овој пат белгискиот интернационалец го постигна првиот гол за Баерн во најелитното натпреварување во Европа.Во интервјуто дадено за официјалниот сајт на баварците тој зборува за Луис Ван Гал,за постигнувањето на важни голови како и за неговиот животен сон.

fcbayern.de: Вие го постигнавте првиот гол за Баерн минатата сезона во Букурешт,а во мечот против Макаби Хаифа повторно го сторивте тоа…вие како да сте обврзан да го постигнувате првиот погодок во ЛШ секоја сезона?

Ван Бајтен : Не би било лошо тоа.Игравме доста добро во првото полувреме,но не успеавме да го сториме најпотребното-да постигнеме гол.Поласкан сум што јас го постигнав голот кој му беше потребен на тимот,исто како и минатата година во Букурешт.Тоа ни помогна во освојувањето на премиерните три бода.

fcbayern.de: Обично напаѓачите се задолжени за постигнување на головите…

Ван Бајтен: Но одвреме на време зошто да не постигнат по некој гол и одбранбените?Јас сакам да  и помогнам на екипата.

fcbayern.de: Сите 4 гола кои ги имаш постигнато во дресот на Баерн биле многу важни-головите во Хаифа и Букурешт,и двата гола против Милан (2-2).

Ван Бајтен: Задоволен сум поради тоа.Никогаш нема да ги заборавам постигнатите голови а не би требало ниту фановите.

fcbayern.de: Што е поважно-постигнувањето голови или да го спасите сопствениот гол?

Ван Бајтен: Двете.Ние дефанзивците секогаш сакаме да биде безопасно пред нашиот гол.Одбраната  е дел од играта исто како и нападот.

fcbayern.de: Луис Ван Гал беше многу задоволен од перформансите во првиот дел.Дали играте на начин каков што посакува тренерот?

Ван Бајтен: Беше малку незгодно за игра на почетокот, но се подобруваме на секој натпревар.Постигнавме 11 гола во последните 3 меча а примивме само еден.Тоа е показател дека учиме и дека се повеќе се навикнуваме на тактиката на тренерот.Не смееме да мислиме дека се е перфектно бидејќи би можеле лесно пак да “паднеме”.Секој од нас треба да се рефокусира константно.

fcbayern.de: Што е сменето во одбраната под водство на Ван Гал?

Ван Бајтен: Тренерот сака дефанзивните играчи да се вклучат во борбата за топка,па секогаш има опција да се повлечат назад.Но,сака и да помогнат во создавањето на акциите.

fcbayern.de: Уште еднаш,ти го помина дуелот со Макаби во покажување,гестикулирање и давање наредби.

Ван Бајтен: Се обидував да ја организирам одбраната најдобро што можам.Среќен сум со улогата што ја имам во екипата и затоа всужност дојдов од Хамбургер.Кога работите не се одвиваат најдобро,се обидувам да ги мотивирам соиграчите.Кога се е добро,тогаш ги мотивирам  соиграчите да продолжат така.

fcbayern.de: Да се вратиме на ЛШ.Во годишната книга на Баерн вие рековте дека најголема желба ви е триумф во ЛШ.Возможно ли е тоа сезонава?

Ван Бајтен: Имам соништа кои сакам да се реализираат барем во некоја точка.Знам дека остварувањето на овој сон ќе биде многу тешко,но се надевам дека ќе ми успее еден ден.Како и да е,сепак имаме одиграно само еден меч,па затоа треба да се концентрираме на следниот и да се осигураме дека ќе ја поминеме групната фаза.Потоа поинаку ќе погледнеме на работите.

fcbayern.de: Следен предизвик е саботната пресметка со Нирнберг.Колку е тешко да се адаптирате на Бундеслигата после започнувањето на ЛШ?

Ван Бајтен: Шампионската Лига е секогаш посебна,но секогаш треба да можете да се рефокусирате на домашното првенство.Ние сме професионалци и ќе го сториме тоа.Ние не сме лидери на табелата и знаеме дека  саботниот натпревар е дерби.

Advertisements

Лука Тони ќе му биде понуден на Милан

Никој не го сака

Никој не го сака

За италијанскиот голгетер нема повеќе место во тимот на Баерн Минхен,па затоа во јануари најверојатно ќе им биде отстапен на росоњерите.

Според Билд, раководството на Баерн вложува големи напори за што поскоро да се ослободи од услугите на Лука Тони.Играчот кој во 2007 година се пресели на Алианц Арената од екипата на Фиорентина,сезонава не е на листата на играчи на кои смета тренерот Луис Ван Гал па затоа во јануари Тони ќе му биде понуден на Милан.Искусниот фудбалер сака престојнава сезона да игра во некој клуб за да може да се избори за место во италијанскиот национален состав кој ќе настапува на Мундијалот следното лето.

Сепак во моментов,од една страна росоњерите имаат поголеми грижи отколку да ангажираат играч плус, но од друга страна пак, доколку Марко Бориело не се опорави од повредата или ако Хунтелар не успее да се вклопи во играта на миланскиот клуб,би можеле сериозно да размислат за понудата на баварците.

Коларов интересен за челниците на Баерн

И тој стана мета на Баерн

И тој стана мета на Баерн

Баерн Минхен се приклучи на листата на клубови кои се заинтересирани за потписот на дефанзивецот на Лацио-Александар Коларов.

И по завршувањето на официјалниот преоден рок на фудбалскиот пазар,шпекулациите околу можните трансфери не запираат.Имено,баварскиот гигант продолжува со потрагата по квалитетен одбранбен фудбалер а погледите  овој пат се насочени кон 23-годишниот Александар Коларов,кој според  управата на Баерн,би бил добар не само во одбраната туку би бил од голема помош и во офанзивниот дел од играта.

Сепак,српскиот интернационалец  има договор со бјанконерите кој истекува во 2012 година со плата од 250 000 евра по сезона,а освен Баерн Минхен за него покажа интерес  и големата тројка од Италија-Јувентус,Интер и Милан.

Макаби Хаифа 0-3 Баерн Минхен

Ван Бајтен и Милер им пресудија на израелците

Радост за супер-стартот

Радост за супер-стартот

Четирикратниот освојувач на престижната ЛШ, Баерн Минхен,новата сезона ја започна одлично-со победа од 3:0 над израелскиот претставник Макаби.

Иако фудбалерите од Минхен играа офанзивно со 4-3-3 формација и ја имаа иницијативата во целото прво полувреме,сепак  не можеа да го скршат отпорот на домаќините.Конечно во 64-та минута белгискиот интернационалец Даниел Ван Бајтен со неговиот погодок  го отвори резултатот.

Во 85-та минута 20-годишниот Томас Милер зголеми на 2:0,а само 3 минути подоцна Милер уште еднаш поентираше за конечни 3:0.

Другиот меч од оваа група Јувентус- Бордо завршри 1:1,па затоа Баерн Минхен уште на стартот ја зафати првата позиција во групата А.

Vodpod videos no longer available.

Мабаки Хаифа-Баерн Минхен 0:3 (0:0)
Макаби Хаифа: Davidovitch – Meshumar (Rafaelov 74), Teixeira, Keinan, Marsilela – Boccoli, Kayal (Arbaitman 68) – Golasa, Katan, Ghadir (Osman 68) – Dvalishvili
Баерн Минхен: Butt – Lahm, Van Buyten, Badstuber, Pranjic – Müller, Tymoshchuk, Schweinsteiger – Robben (Ottl 77), Olic (Sosa 86), Ribéry (Gomez 64)
Замени: Rensing, Breno, Braafheid, Altintop
Судија: Mr. Skomina (Slovenia)
Публика: 38 789
Голови: 0-1 Van Buyten (64), 0-2 Müller (85), 0-3 Müller (88)
Жолти картони: Boccoli / Ribéry, Lahm

Започнува треската наречена ЛШ

Вака изгледа сега,а како ќе изгледа групава во декември?

Вака изгледа сега,а како ќе изгледа групава во декември?

Баерн Минхен,Јувентус,Бордо и Макаби Хаифа-вака изгледа групата А од ЛШ.4 екипи со свои амбиции ќе се борат меѓусебно за едно од првите две места со цел продолжување кон финалето и престижот што доаѓа со него.Навидум,баварците заедно со Јувентус се фаворити во однос на незгодниот Бордо и аутсајдерот Макаби,но работите во суштина и не се така едноставни.

Во првото коло баварците ќе ја започнат овогодинешната трка по пехарот кој последен пат го освоија во 2001 година во Тел Авив против Макаби.Другиот меч во оваа група е Јувентус-Бордо.

Во пресрет на првото коло ви ја претсавуваме моменталната форма на Баерн и неговите опоненти од групата А.

Баерн-во германската бундес лига поминаа 5 кола,во кои баварците имаат скор од 2 нерешени,1 пораз и две високи победи за вкупни 8 бода,доволни само за 5-та позиција на табелата. Тренерот Луис Ван Гал на располагање за премиерниот дуел ќе ги има на располагање скоро сите играчи со исклучок на Марк Ван Бомел,Мартин Демикелис и Мирослав Клосе.Офанзивната формација 4-3-3 која ја преферира холандкиот стратег во последните  2 меча се покажа како ефективна,па сосема разбирливо е доколку Баерн се појават на теренот токму со оваа поставеност на фудбалерите.Најголемите адути и овојпат ќе бидат Рибери и Робен кои го препородија тимот во последните 2 седмици.По триумфот над Борусија во Дортмунд од 5-1,кај црвените владее позитивна атмосфера и реално е да се отчекува нова победа-прва во ЛШ.

Јувентус -екипа која сигурно ќе атакува на некое од првите две места и е вистинска закана за Баерн.Во трите кола кои изминаа во италијанската Серија А,старата дама има 100% учинок,доносно 9 бода.Со доаѓањето на Диего од Вердер на почетокот од сезонава,ефикасно беше заменет чехот Павел Недвед,па сега со “Царот Диего”  како што го нарекуваат италијанските медиуми, италијанците ќе се обидат да го повторат успехот од сезоната 2004/2005 каде два пати триумфираа во фазата по групи и завршија како првопласирани.Но,како што и тренерот на Јуве,Чиро Ферара,изјави: “тоа се само спомени кои би сакал да се повторат,но реално ќе биде многу тешко бидејќи и двата клуба се речиси скроз сменети од тоа време”.

Бордо -главниот товар ќе го понесе 23-годишниот Јоан Гуркуф,кој ќе биде убедливо најголемиот адут на французите.Франк Рибери е еден од обожавателите на Гуркуф,кој во неколку наврати рече: “кога играм со него во репрезентацијата имам чувство дека играм со Зидан”.Бордо  како екипа од сенка,имаат каков-таков капацитет за евентуално нарушување на мирниот тек на настаните во оваа група.Моментално се на делба на првата позиција во француското првенство со 13 бода,исто колку и Лион.

Макаби Хаифа – израелскиот првак а е  аутсајдерот во оваа група.Во грипната фаза стигнаа преку квалификации и според изјавите на нивниот тренер,не би требало да ги отпишеме од напред.Тој воедно потсети на изненадувачките триумфи над Манчестер Јунајтед и Олимпијакос во сезоната 2002/2003.

Како и да, е ова е нова сезона со која доаѓа и нова надеж.Дали конечно после 2001 Баерн Минхен ќе стане новиот сопственик на европкската круна?Дали по петти пат ќе ги израдува милионите фанови ширум светот или повторно ќе се изгуби некаде на патот кон мајското финале???

СРЕЌНО БАЕРН!!!

Швајнштајгер пред суспензија

Можно е негово отсуство на неколку натпревари

Можно е негово отсуство на неколку натпревари

Играчот за врска се наоѓа пред суспензија поради предизвикување на Тинга за време на дербито во Дортмунд.

Бастијан Швајнштајгер може да биде казнает од германската фудбалска асоцијација (DFB) заради неспортскиот потег кој го направи врз Тинга на гостувањето во Дортмунд викендов, каде што Баерн победи со 1:5.

Играчот на Баерн го нагази противничиот играч на коленото по еден старт направен врз него. Судијата не го забележа тоа, но затоа потегот го забележаа ТВ камерите.

Германските медиуми веќе го прогласија Швајнштајгер за кривец и се сигурни дека ќе биде казнет, а жртвата од случајот Тинга, во изјавата по натпреварот малце ја ублажи ситуацијата изјавувајќи дека сепак тоа не било толку страшно.

Фросина Аризанкоска/Наум Баварец

Алекс во Баерн?

Ќе се реализира ли овој трансфер?

Ќе се реализира ли овој трансфер?

Играчот на Челзи би можел да ја пополни празнината во баварската одбрана.

Како што наведува Дејли Мејл,дефанзивецот кој моментално настапува во Челзи,е на мета на челниците на Баерн Минхен и Ливерпул.

Неговиот договор со лондонскиот клуб му истекува во 2010 година,меѓутоа не е исклучена можноста за негов предвремен трансфер.

Откако Лусио летово замина во Милано во екипата на Интер,Баерн остана без квалитетен одбранбен фудбалер,па тренерот Луис Ван Гал се обидува да најде соодветна замена за него.

Реал Мадрид,Јувентус ,Милан и Лион се останатите клубови кои атакуваат на Алекс.