Почетна > Лига на Шампионите, за блогот > Започнува ФАНТАЗИ ЛШ

Започнува ФАНТАЗИ ЛШ

За сите фанови на Лигата на Шампионите ако не сте знаеле секоја година УЕФА организира ФАНТАЗИ натпреварување во кое гледачите можат да се натпреваруваат меѓу себе кој е подобар менаџер.

За сите оние кои што не играат прв пат доволно е да кликнат тука (КЛИК) и ако лани или претходните сезони имале тим не ќе мора наново да потполнувате генералии. На сите оние кој им е прв пат кликаат на истиот линк и кликаат на SIGN UP и потполнуваат тоа што им се бара.

Откога ќе го средите сето тоа, одите во JOIN LEAGUE, на празното место го впишувате кодот 64500-13862 и сте влезени во BayernMkd лигата.

Мало објаснување на играта:

Бирате 15 фудбалери од кои 2 голмани 5 дефанзива, 5 средина и 3 напаѓачи. Mожете како сакате да играте. Можете и без напаѓач или со двајца дефанзивци. Мора само да имате 11 фудбалери.

Можете да одберете само 2 играчи од еден тим, но ова е само за правата фаза, потоа се зголемува. За да го создадете тимот на располагање имате 100 милиони. Тоа ви е повеќе од доволно и можете да вклопите повеќе ѕвезди, далеку полесно отколку на другите фантази игри.

Бодувањето е следно:

Голманот ако не прими гол добива +4 бонус(мора да има минимум 60 минути), ако одбрани пенал +5 бонус. За секој втор примен гол има -1. Ако е во почетниот состав +1, ако одигра 60 минути има +2(ова важи за сите). За секои три одбрани има +1 бонус.

Дефанзивецот ако не прими гол добива +4 бонус(мора 60 минути да игра). Асистенција +3 бонус, постигнат гол +6 бонус. За секој примен гол имаат казна -1.

Играчот за врска ако не прими гол добива +1 бонус (мора да игра минимум 60 минути). Асистенција +3 бонус, постигнат гол +5 бонус.

Напаѓачот за асистенција има +3 бонус, за постигнат гол +4 бонус.

За добиен жолт картон -1, за црвен -3. За добиен пенал +1, за промашен пенал -2, за направен пенал -1.

Откога ќе го направите тимот и откога ќе започне ЛШ можете да правите измени колку сакате, но при тоа ќе ви одзема -2 поени за секој трансфер (првиот е без пари). Можете еднаш да искористите и вајлд карта, било колку трансфер без да платите ни паричка.

Како и секоја година Playstation е спонзор на ова натпреварување и доделува награди за најдобрите во светот.

Среќно!!! Нека најдобриот и најсреќниот менаџер победи!

  1. angel
    13/09/2009 во 15:26 ч.

    abe bavarec….ja napraiv akaunt i mi dava samo da odberam avatar…go odbrav ribery i tolku nema so drugo da pravam….kako da sostavam ekipa ?

  2. Darko Donevski
    13/09/2009 во 16:13 ч.

    pobaraj na stranata ima fantasy football,ke najdes,imas da biras igraci…pobaraj malce

  3. 13/09/2009 во 19:50 ч.

    Ејјјј многу јако ова. 2 саати склопував екипа(влегов у филм) :))

  4. Darko Donevski
    13/09/2009 во 20:23 ч.

    i ja :D:D:D

  5. Фросина Аризанкоска
    13/09/2009 во 23:57 ч.

    ЕЕЕЕеее сакам и јас да си играм.Каде да го направам тимот?Нека ми каже некој одма!!!

  6. Алекс
    14/09/2009 во 0:15 ч.

    во мојот тим се: Касилјас, Буфон – Лам, Лусио, Бруно Алвес (Порто), Тиаго Силва (Милан), Шефер (Волфсбург) – Фелипе Мело (Јуве), Варгас (Фиоре), Мисимович, Швајни, Хлеб – Самнуел Ето(C), Пато и Луис Фабиано

  7. Marko
    14/09/2009 во 0:51 ч.

    ајјјјјј у курац ми дава само аватар да бирам и толку ништо повеќе

  8. Darko Donevski
    14/09/2009 во 1:05 ч.

    kaj mene:ceh,bufon,sagna,pique,terry,sisoko(lyon),ROBBEN,maskerano,gurguf,RybeRy,lisandro lopez,torees i bentner. :D imam jak tim heheh

  9. Darko Donevski
    14/09/2009 во 1:05 ч.

    lisandro lopez*

  10. 14/09/2009 во 15:09 ч.

    Bufon,Roberto(atletico)Pujol,Canavaro,Lucio,Ujfalusi,Maicon,RIBERY,Keita,xabi Alonco,Nani,Denilson(Arsenal),GOMEZ,Benzema,Aruna Cone.
    PS: Marko odberi si avatar i razburickaj malce, odi vo fantasy i napravi si tim i na kraj vnesi go kodot 64500-13862, Fros ova i za tebe vazi :)))

  11. 14/09/2009 во 17:18 ч.

    За сите кои прв пат се регистрираат:
    Откако ќе се регистрирате и одберете аватар (како што се пожалија некои), одетете на адресата http://en.uclfantasy.uefa.com/ и таму ќе треба да прифатете некои услови.
    После тоа треба да одберете име и дресеви за вашиот тим, па да си направите селекција.

    Се надевам ќе се снајдете!

  12. 14/09/2009 во 17:40 ч.

    Мојот тим:
    Г: Буфон
    О: Лам, Ошеј, Роландо и Сисоко
    С: Рибери, Хлеб, Насри
    Н: Меси, Погребњак, Руни

  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: