Почетна > Баерн Минхен, Баерн Минхен - мечеви, Бундес Лига > Борусија Дортмунд 1-5 Баерн Минхен

Борусија Дортмунд 1-5 Баерн Минхен

Дортмунд 1-5 БаернИако Баварците стартуваа несигурно во овој натпревар и први примија гол, сепак на крајот на виделина излезе квалитетот и амбициите на Баерн.

Баерн во овој натпревар требаше да стартува доста мотивирано од победата во предходното коло против Волфзбург, но сепак Баварците излегоа збунети.

Во првите 30 минути домаќините ја имаа контролата на играта, а одбраната на Баерн направи неколку грешки, а поранешниот играч на Баерн, Мет Хамелс ги казни со голот во десеттата минута.

Но се знаеше дека Баварците нема да се откажат толку рано. Во 36 минута, Марио Гомез со глава постигна изедначувачки гол од една сомнителна ситуација.

Бастијан Швајнштајгер од слободен удар ја уфрли топката во шеснаесетникот и Ван Бајтен во дуел со Суботиќ не ја зафати допката по што се одби до Гомез, кој беше во офсајт позиција, но сепак постигна гол. Голот се важи бидејќи според снимките домашниот играч ја удри топката, а не Ван Бајтен.

Со резултатот од 1-1 играчите заминаа на полувреме. За вториот дел Луис Ван Гал направи две измени, ги извади Гомез и Алтинтоп, а ги стави Рибери и Милер.

Тандемот Рибери и Робен повторно проработи и по само 5 минути игра во вториот дел се створи добра акција по што Швајнштајгер погоди од линијата за 16 метри со одличен удар.

Бастијан ШвајнштајгерПо овој погодок со кој Баерн го превзеде водството играта малце се смири, а гостите беа желни за изедначување. Но, во 65 минута беше досуден прекршок над Милер надворд од шеснаесетникот.

Од тој слободен удар, Франк Рибери го погоди спротивниот агол на голот со што ја зголеми предноста на Баерн, по што истрча во прегратките на Ван Гал.

Прашањето околу победникот беше јасно и покрај неколкуте закани на Дортмунд. Но со несвесното отварање од страна на домаќините се повеќе се отвараа шанси за контра напади од страна на Баерн.

При еден таков напад по неколку пати одбиената топка во шеснаесетникот на Вајденфелер, Милер успеа да погоди за 1:4 во 78 со што беше ставен крај на натпреварот.

Но не и крај на головите на Баерн. Истиот тој Милер десет минути подоцна по уште една одбиена топка, овој пат надвор од шеснаесетникот го погоди можеби досега најубавиот гол во Бундеслигата. Бомбастичен удар во горниот лев агол на голот.

Со оваа победа Баерн сега има 8 поени и се наоѓа на четвртата позиција, која може да биде загрозена од Вердер и Шалке кои играат утре.

Борусија Дортмунд 1-5 Баерн Минхен (пп: 1-1)
Борусија Дортмунд Weidenfeller – Owomoyela, Santana, Subotic, Dede – Blaszczykowski, Hummels, Sahin, Tinga – Zidan, Rangelov
Баерн Минхен Butt- Lahm, van Buyten, Badstuber, Braafheid – Tymoshchuk – Hamit Altintop (Müller 46), Schweinsteiger – Robben, Gomez (Ribery 46), Olic
Не настапија: Rensing, Breno, Ottl, Pranjic
Судија: Knut Kircher (Rottenburg)
Публика 80,552 (полн стадион)
Голови: 1-0 Hummels (10), 1-1 Gomez (36), 1-2 Schweinsteiger (50), 1-3 Ribery (65), 1-4 Müller (78), 1-5 Müller (88)
Жолти картони: – / –

Мултимедија

Advertisements
  1. 12/09/2009 во 17:58 ч.

    cestita za pobedata i za za dobro izigranata utakmica , NO pod hitno treba Braafheid da ode vo 3 liga odnosno vo baern 2 , neznam sto gleda van gal vo toa dete :D :D

  2. Darko Kostov
    12/09/2009 во 18:02 ч.

    ZAKOOOON!!!! BRAVOSSS MOMCIIIII!!! OVA E VISTINSKIOT BAYERN!! :D

  3. Алекс
    12/09/2009 во 18:15 ч.

    зошто сме толку јаки :D :D :D

  4. Darko Donevski
    12/09/2009 во 18:19 ч.

    fantasticno vtoro poluvreme.odma se smeni igrata na baern koga vleze ribery .bravo momci

  5. deko
    12/09/2009 во 18:26 ч.

    MOKNI SMEEEEEEEEEEEEEEEEEE!!!!!!!!

  6. ali
    12/09/2009 во 18:30 ч.

    odlican igra so ovaa pobeda se vraca repektot kun beyern

  7. Darko Donevski
    12/09/2009 во 18:44 ч.

    kakov gol na ribery sekoja cest

  8. Martin
    12/09/2009 во 19:39 ч.

    Dve dijametralno sprotivni poluvreminja vidovme denes vo Dortmund, vo prvoto 30 min zbuneta igra na BAYERN, a vo vtoroto kako da izleze drug tim na terenot – kontrola, akcii, golovi, besprekorna igra sto moze da gi zgazi i najdobrite evropski ekipi, konecno dava rezultat taktikata na L. Van Gal – BAYERN FOREVER!!!

  9. 12/09/2009 во 20:12 ч.

    Bravoooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooo!!!!!! Sega moze da se kaze deka deneska igral Bayern.

  10. Petar
    12/09/2009 во 20:48 ч.

    taj e taj Bayern :D

  11. TONI RIBERY 7
    12/09/2009 во 21:50 ч.

    Дали видовте дека помегу рибери и ван гал се е во ред……….БРАВОС РИБЕРИ ЗА ЕВРОГОЛОТ…..МАЈСТОР ЗА СЛОБОДНИ УДАРИ…….ПРОДОЛЖЕТЕ САМО ТАКА ДА ГАЗИТЕ СЕ ПРЕД ВАС,,,,,,,,,,,,,,,,АЈМО БАВАРЦИИИИИИИИИИИИ………..ПОЗДРАВ

  12. Edin
    12/09/2009 во 22:17 ч.

    sekoja cest za RIBERY :) VISTINSKIOT BAYERN :D:D

  13. Petar
    12/09/2009 во 23:36 ч.

    fuii kakvi golovi na robery i scweinsteiger

  14. Zoki_Ballack
    13/09/2009 во 0:36 ч.

    гордо да се навива за Баерн !!! поздрав до сите баварци

  15. 0pop
    13/09/2009 во 1:28 ч.

    Super nema sto steta sto Muller ke mu go zeme mestoto na Klose vo prviot sostav a mnogu zalam za Luca Toni sto ne e del na ova ekipa bi bilo mnogu ubavo naskoro da si go vidime na terenot so preostanatite pozdrav do site vie sto ste iskreni navivaci na Bayern cekorime na sigurni noze.

  16. daniel
    13/09/2009 во 17:47 ч.

    Dobro e sto ima tolkava jaka konkurencija za napagackite pozicii. site tie se borat za prvotimski status i davat se od sebe. Muller pokaza deka e napagac o svetski rang i mu pretstoi bleskava idnina vo Bayern.

  17. Фросина Аризанкоска
    13/09/2009 во 23:58 ч.

    Е вака се живее веке :D:D:D

  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: