Почетна > Колумни > Повторно е забавно на Алианц Арена

Повторно е забавно на Алианц Арена

Aлианц Арена,29.08,Баерн-Волфсбург,80 минута.Слободен удар изведува Мисимовиќ.Лош центаршут,а топката се одбива право до Арјен Робен кој се наоѓа на средината на теренот.Робен ја прима топката поминувајќи го Дежага.Алианц Арена е на нозе……..Робен пред себе има празен простор,и започнува со својата експлозија…..Рибери во ист стил трча покрај него.Сите погледи вперени кон овие двајца….Робен подава до својот колега,миленикот на минхенската публика.Во својот препознатлив бомбастичен стил поминува речиси половина терен.Несебично,топката оди повторно до летечкиот холанѓанин.Овој нема милост…...Екстаза кај фановите на Баерн Минхен!!!

делириум кај фановите-бесценето

делириум кај фановите-бесценето

За момент на сите им се вратија сеќавањата од пред две сезони.Тогаш наместо Робен,во слична улога беше Лука Тони.Комбинации,пасови,нафрлања голови,а фановите на Баерн беа на нозе.Таа сезона помина спектакуларно,исполнета со многу трофеи,и пред се со многу забава.

Следеше помалку хаотичен период.Се сменија многу работи во Баерн.И тоа од корен.Заминаа маркантни личности,за кого требаше подолго време да се надоместат.Една цела сезона,со многу проблеми,многу препирања,безброј дилеми,а малку задоволство.Особено за фановите.Арената не беше повеќе онаква каква навикнавме да ја гледаме.Рибери не беше константен во формата,исто важеше и за Тони.Едноставно забавата исчезна,а Хенес се повеќе поцрвенуваше,отколку што славеше.

Овој преоден рок беше вистинската шанса тоа да се промени и никогаш да не се повтори.Повторно целосна промена на играчкиот и тренерскиот кадар.Нов тренер,нови лица,нови фудбалери.Огромна доверба од страна на фановите,и надеж за многу титули.Никој не сакаше ни да помисли на она што се случуваше лани.Подготвителниот период помина очекувано и започна новата сезона.Момент кога сето тоа мора да се спроведе на дело.

Повторно мрак на лицата на фановите на Баерн.Никој неможеше ни да замисли дека може такво нешто да му се случи на Баерн по три кола од новата сезона.Фановите бесни,играчите нервозни,тренерот под притисок.Огромно незадоволство кај баварците,и големи фрустрации генерирани и од лошото искуство со минатата сезона.

Сето тоа ќе продолжеше во иста насока,можеби и полошо,но во петокот на официјалната страна на Баерн се појави ново лице:Арјен Робен!!!Се појави алката која недостасуваше,човекот кој ги реши сите дилеми.Робен ја донесе насмевката кај фановите,кај Ули Хенес,кај Рибери,кај целиот Баерн.А тоа најдобро го почувствува Волфсбург.Компјутерски прецизни пасови,брзи контри,фантастични дриблинзи и финти,беа причина за делириум на стадионот.Баерн има нов експлозивен пар,има светска класа квалитет,консолидирана средина,и непогрешлив напад.Баерн има добар фудбал!

Конечно го имаме тоа што долго време ни беше потребно.Ван Гаал ја пронајде правата тактика.Ги има вистинските играчи.Тоа се спроведе на дело,Рибери е повторно во тимот,одбраната изигра одлична партија,а Бут е новиот број 1.Згора на сетоа тоа го добивме и Арјен Робен.Што повеќе за една одлична сезона???

Повторно е забавно на Алианц Арена!!!

ќе може ли некој да ги запре?

ќе може ли некој да ги запре?

новиот херој на баерн

новиот херој на баерн

само победа се брои

само победа се брои

Категории:Колумни
  1. Schickeria
    30/08/2009 во 17:46 ч.

    prosto i ednostavno BRAVO sekoja cest

  2. nino
    30/08/2009 во 18:11 ч.

    samo da prodolzi zabavata vo tekot na celata sezona :-)))) pozz

  3. Petar
    30/08/2009 во 18:39 ч.

    Moze i treba Toni pak da igra

  4. TONI RIBERY 7
    30/08/2009 во 18:56 ч.

    I LUKA TONI KE ZAIGRA KE BIDAT NAJUSPESNI OVAA GODINA…..POZDRAV

  5. daniel
    30/08/2009 во 19:44 ч.

    Potrebni se samo 30 min za Riberu i Roben da go resat celiot natprevar. Tie ke ja sozdadat novata slavna istorija na klubot. MUNCHEN!!!!!!

  6. Фросина Аризанкоска
    30/08/2009 во 19:45 ч.

    Лука Тони ако заигра ќе биде лошо…мнооооогу лошо!

    • Алекс
      01/09/2009 во 17:11 ч.

      мнооооогу лошо оти ке почне да дава многу голови

  7. TONI RIBERY 7
    30/08/2009 во 19:55 ч.

    zosto loso toni e podobar od klose….so gomez taman ke bidat dvajcata visoki…

  8. Alko
    30/08/2009 во 20:11 ч.

    Ubavo bese da se gleda dvojkata Ryberi Roben fantasticni bea za samo eden mec a koj znae kako ke igrat slednite mecevi naj ubav poteg na Henes sto go dovede Roben nedostigase takov igrac srekno ponatamu.

  9. ali
    30/08/2009 во 20:21 ч.

    abe koj saka neka igra samo da poeduvame

  10. 30/08/2009 во 20:35 ч.

    toni vo nikoj slucaj ne e podobar od klose .. i jas mislam isto kako frosina deka ako toni zaigra povtorno ke bide loso .. :S

  11. Милчо
    30/08/2009 во 21:00 ч.

    A што се замарате со Тони и Клосе?Кога имаме такво фантастично триво во Робен Рибери и Гомез?Уживајте во нивната игра…За Тони и Клосе секогаш ќе има место,ако не на терен тогаш на клупа.Реално и двајцата се во години,и вака и така не би можеле да го издржат тоа темпо цело време.
    Ама искрено мислам Тони како џокер ќе врши добра работа.

  12. Djoke
    30/08/2009 во 21:11 ч.

    Iako Toni tesko se dvizi mislam deka ako primi topka 80% e gol i mislam deka e redno vangaal da go proba i nego pa da vidime mozebi ke se uklopi vo timot.

  13. Filip
    30/08/2009 во 21:46 ч.

    Zosto da ne igra Toni ili Klose ? Sto e podobar 30 m vredniot Gomez promasuva od 5 metra prazen gol ? Treba Van Gal da napravi eden rotacionen sistem so koj site napagjaci ke bidat vo forma i za sekoj natrevar ke ima podgotveno 4 napagjaci od svetska klasa.. Pozdrav

  14. Oliver
    30/08/2009 во 23:06 ч.

    Luca Toni mora da igra!!!!!

  15. anakonda
    31/08/2009 во 1:16 ч.

    toni i klose nema sansi da zaigrat vaa sezona poveke klose moze ke go pustat ponekogas a so toni zavrseno e neka si bara nov klub si go odigra on svoeto vo bayern ne faka mesto vaa god pred gomez i olic a tuka e i talentiraniot miler

  16. Alko
    31/08/2009 во 1:29 ч.

    I jas se soglasuvam so Oliver, Toni mora da igra da ne mu se dade premnogu prostor na Gomez za da se custvuva sloboden i da ne igra vo svoite moznosti mu treba konkurencija a za Klose bi rekol deka e golem Klosar ne mu terba na Bayern podobro ke bde da go prodadat ne im treba.

  17. 31/08/2009 во 14:02 ч.

    Како може Клосе да не ни треба. Не значи дека ако има лош период и треба да го продадеме. Лука Тони сега за сега нека си игра во Баерн аматери па ако се врати у форма ќе може да игра. И двајца трактори во напад не ни требаат во исто време, мора да има и некој брз (Олич)

  18. macko
    31/08/2009 во 20:18 ч.

    Klose ne e vo forma od koga dojde vo Minhen.Jas licno ne se sekavam na serija dobri nastapi na Klose…

  19. 01/09/2009 во 18:15 ч.

    ——————Бут——————–
    —————————————–
    Лам—–Ван Бајтен—-Демикелис—Прањиќ
    —————————————-
    ——–Ван Бомел—-Тимосчук———-
    —————————————
    Робен—————————Рибери
    ————————————–
    ——–Олиќ——-Гомез————–

    Според мене почетниот состав, па на полувреме влегуваат Тони и Клосе (по желба на ВГ) и некој Швајни/Соса/Алтинтоп на местото на Бомел/Тимосчук

  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: