Почетна > Баерн Минхен, Баерн Минхен - Трансфери > Баерн загреан за македонски талент

Баерн загреан за македонски талент

Ќе го видиме ли во дресот на Баерн?

Ќе го видиме ли во дресот на Баерн?

Скаутите на Баерн пронајдоа еден навистина одличен фудбалер, роден во Австралија, но со македонски корени, по што управата сериозно се заинтересира за овој играч.

Имено, се работи за играч на тимот Њукасал Џетс од Австралија, кој има македонски корени. Бен Кантаровски има само 17 години (роден на 20.01.1992) и веќе почна да настапува за младинската репрезентација на Австралија.

Во еден наврат Бен изјави дека е горд на своето потекло, но се уште не е јасно дали тој ќе игра за македонската репрезентација или сепак ќе се одлучи за австралиската.

Откако Бен бил забележан од скаутите на Баерн, тој веднаш бил повикан на тест период во Минхен, но за жал Баерн се уште не смее да го купи овој играч бидејќи тоа не го дозволуваат законите на ФИФА, па сега се очекува тој да наполни 18 години.

Природна позиција на Бен му е централен играч, но во неколку наврати има играно и како дефанзивец.

Бен во моментов баш и не размислува за неговата иднина и е сконцентриран на учењето и на полагањето на возачки испит, но му ласка интересот на Баерн и парите кои се вртат околу неговото ангажирање.

Му посакуваме се најдобро на Бен и наскоро да го видиме и во црвениот дрес на Баерн и во црвно-жолтиот на Македонија!

  1. Фросина Аризанкоска
    25/08/2009 во 3:52 ч.

    Леле осеќам дека ако овој дојде у Баерн,ќе треба за некое време и на него клоца да му удрам и точак да му купам за да си оди дома со точачето :D.Леле,ми се смачи од млади надежи и таленти…

    • 25/08/2009 во 3:56 ч.

      Фрос дечково е планиран да дојде во вториот тим на Баерн! И да се загрева едно 3-4 години пред да стане фудбалер :D

  2. Алекс
    25/08/2009 во 3:59 ч.

    не не, тој е нешто како што изгледа тип на фудбалер како Харгрејвс, борбен и техничар и иста позиција играат, исто и Харгрејвс го доведоа од Канада во Баерн :D :D :D

    • urda
      25/08/2009 во 4:08 ч.

      ne e od kanada brat od avstralija e i ne e los go imam gledano.

      • Алекс
        25/08/2009 во 4:10 ч.

        за Харгрејвс правам муабет дека од Канада го доведоа во Баерн

  3. 25/08/2009 во 14:36 ч.

    interesot na Bayern za BEN ne e od sega .. uste pred 3-4 meseca prvpat se interesiraa za nego ..

  4. 25/08/2009 во 15:41 ч.

    Детево ти е пропала инвестиција,го немам гледано али попрво јас ќе ги облечам копачките одколку вакви да доаѓаат у Баерн. Место да се заангажираат да купат асален играч тие Бен го меркаат. До кога бе вака бе ејјјјјј.

    • 25/08/2009 во 16:22 ч.

      Значи според тебе, Баерн не треба да бара таленти, само да купува играчи….
      Крос, Милер, Лам …?

      • Фросина Аризанкоска
        25/08/2009 во 16:31 ч.

        Абе Наум,треба да се купуваат таленти,ама не секој еден што ќе го купат да биде некој талент(требаат и ѕвезди).Сети се во изминативе сезони колку од талентите испаднаа промашени инвестиции а колку прераснаа во класа играчи.

    • Фросина Аризанкоска
      25/08/2009 во 16:33 ч.

      Се сложувам со Баже

  5. 25/08/2009 во 16:40 ч.

    Абе и јас се слагам дека во моментов ни требаат ѕвезди. Ама ова не е трансфер кој би чинел 5-6 милиони. Овој играч доаѓа во школата на Баерн, не е трансфер.
    Кога ќе дојде во школата, ќе почне да се развива. Ако е добар останува (како Лам, Крос), а ако е лош ќе го продадат и ќе игра негде во Ханза.

  6. Marko
    25/08/2009 во 20:48 ч.

    А Крос 1 година ке биде на позајмица во Леверкузен?

  7. Oliver
    26/08/2009 во 22:59 ч.

    На Баерн и требаат силни играчи,али како за обичен трансфер во вториот тим на Баерн би било добро да се испроба талентот на секој млад играч…

  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: