Почетна > Баерн Минхен, Колумни > Малер до малер

Малер до малер

Само да не се повреди некој од нив

Само да не се повреди некој од нив

Веќе на самиот старт на новата бундес сезона,Баерн Минхен е соочен со сериозни проблеми и тоа од играчки карактер.Како да не беше доволно отсуството на еден од тројцата најдобри играчи во светот,Франк Рибери,па мораше централниот дефанзивец Мартин Демикелис  да се повреди пред една недела а еве сега и капитенот Ван Бомел.Тоа се играчи кои се од витално значење за екипата,но ќе недостасуваат одреден временски период.

Во меѓувреме,Луис Ван Гал е тој којшто треба да ги пополни  дупките во баварскиот колектив,но на располагање има неколку не толку афирмирани играчи (со исклучок на Анатолиј Тимошчук кој најверојатно ќе го замени капитенот).На местото на Демикелис во мечот од првото коло настапуваше младиот Бадштубер,кој не  одигра на некое високо ниво и моментално не може да биде  соодветна  замена за далеку поискусниот аргентинец кој нема да биде во комбинација за настап 6-8 седмици.Згора на се,ниту голманите кои му се на располагање на холандкиот стратег не се баш најсигурни и со тоа целокупната дефанзива е еднаква на катастрофа.Затоа нерешениот исход против Хофенхајм од една страна не треба да биде крајно разочарувачки бидејќи недостасуваа Рибери и Демикелис (играа Бадштубер и Баумјохан на нивно место) а воедно екипата на Хофенхајм постигна чист гол кој судијата не го призна па малку фалеше баварците да ја започнат сезоната со пораз.Од друга страна пак,ако претендираме да ја освоиме елитната ЛШ,тогаш изговорите од типот ” фалеше овој или оној” се излишни и не му доликуваат на тим кој претендира кон европскиот врв.Но,во летниот трансфер период менаџерот Ули Хенес не се ангажираше доволно да го донесе Босингва од Челзи,Себастиан Фреј од Фиорентина  или евентуално некој трет,туку како и секогаш опимистички најавуваше дека овој играчки кадар на Баерн е доволен за подвизи а   и самиот знае дека потроши само 50 милиони евра за засилувања-далеку помалку во однос на останатите европски великани.

Сепак,добро е што шампионската лига сеуште не е започната,па има доволно време за санација на екипата…но само доколку не продолжи да не следи малерот  и да се повредат Марио Гомез,Олич,Лам,на пример,па дури тогаш  уште една фудбалска сезона да отиде во неповрат.

  1. Petar
    10/08/2009 во 12:26 ч.

    Klose,Toni, Ribery se spremni za Werder samo ke ostanat Ottl,Lell,Van Bommel i demikelis povredeni:D no najvaznite se vrakaat

    • Алекс
      10/08/2009 во 15:07 ч.

      Тони нема да биде спремен а Лел не е повреден туку игра во Баерн Аматери таму каде што му е местото :D

      • Riste05
        10/08/2009 во 20:26 ч.

        Лел и Герлиц играа во аматерите и загубија 6-0 и лел доби црвен картон,Лел играсе бидејки не е доволно опоравен од повредата,а не зосто е за тамо и Алтинтоп лани играсе кога не бесе целосно заздравен,а за Герлиц и тој веројатно имал некоја слаба повреда па затоа тоа е мое мислене најдобро знае Ван Гал зосто ги пратил во аматерите

  2. 10/08/2009 во 14:15 ч.

    STVARNO TREBASE DA GO ZEMAT BOSINGWA OD CHELSEA… AKO NE NEGO, TOGAS BAREM DARIJO SRNA ZA DA IMAVME KOLKU – TOLKU KVALITETEN DESEN BEK… ISTOTO VAZI I ZA GOLMAN – NE SE SOMNEVAM VOOPSTO DEKA SEBASTIAN FREY KE BESE POLN POGODOK NA GOLMANSKATA POZICIJA!!!

  3. Dzordano
    10/08/2009 во 16:07 ч.

    dobro e sto se vrakjaat klose i ribery…zaebete go toni on sekako nema da igra…misalm pokraj gomez olic i klose nema nikakkvi sansi……btw odbranava ni e shator :S mislam deka mn podobro ke bese za van gal da zeme kvaliteten golman i barem uste eden defanzivec koj moze barem da go potpolni mestoto za lucio……ps : bayern vekje pocna da zali so go prodade lucio !

  4. Petar
    10/08/2009 во 17:15 ч.

    Hehe za Toni ne ste vo pravo:@ .. a stv li lell igra vo Bayern amateri:D

  5. saso
    10/08/2009 во 17:22 ч.

    nezadovolni ste od badstuber i od baumhojan pa za so gi zemaja togas!ne odigrale na nivo?pa normalno nema da odigrat ko nemat vrska.da ne se lazime nisto i ovaja sezona nema da postignat i toa zaradi odbranata.a onie so gi zedoja duri da se uhodaat vo igrata ama na svetsko nivo treba minimum 1-2 sezoni,a i toa e znak prasalnik ke gi prodat dotogas.ama jebi ga nie ke navivame pak.

  6. MARTIN
    13/08/2009 во 13:02 ч.

    Lel treba i da ostane vo amaterskiot tim, a Henes ke mora da se potrudi da go donese Bosingva i M. Noer od Shalke zasto ako poceka uste malku Ferguson moze da mu go zeme Noer zasto veke pokazal interes za nego, a za sredbata so Verder kolku ke bide vo forma Riberi toa e znak prasalnik

  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: