Почетна > Баерн Минхен, Играчи, медиуми > Интервју со Прањиќ: Можеме да ја освоиме Лигата на Шампионите

Интервју со Прањиќ: Можеме да ја освоиме Лигата на Шампионите

Данијел ПрањиќХрватскиот репрезентативец во интервју за германскиот веб сајт Spox.com кажува дека Баерн има тим способен за освојување на Лигата на Шампионите.

Уште во почетокот на интервјуто беше напоменато дека Прањиќ од свој џеб плати околу 700 илјади евра за да се оствари неговиот трансфер од Херенвен во Баерн.

Дали во првите пет седмици како играч на Баерн имавте некакво лошо искуство?

„Не, се е совршено. Градод е сјаен, клубот исто, а со играчите добро се согласувам. Мислам дека сите во Баерн влечат на иста страна.“

Како се снаоѓате со германскиот јазик?

„Не е лошо. За жал немав многу време да го научам, па барам некој да ми помага во преводот, сепак нешто разбирам, од фудбалски аспект.“

Ивица Олиќ би можел да ви помогне.

„Морам да признаам дека зборуваме на хрватски јазик. Се познаваме од репрезентацијата каде што ми зборуваше многу за Бундеслигата. Се надевам дека добро ќе играм, па се ќе ми биде полесно, а ни на Ивица нема да му одам на живци.“

Се зборуваше дека и Дарио Срна би можел да дојде во Баерн. Дали тој би се вклопил овде?

„Јас сум добар пријател со Дарио, а за неговото доаѓање знам само од весниците. Дарио е сјаен играч кој може да игра по десната страна и во одбрана и како везен играч.“

За вашиот трансфер инсистираше Луис Ван Гал. Каков е вашиот однос?

„Не го познавав пред да дојдам во Баерн. Но кога ве бара тренер кој имал големи успеси со Барселона и со Ајакс би ви било чест.“

На што Ван Гал му става акцент на тренинзите?

„Тренинзите се интензивни, а Ван Гал многу време поминува разговарајќи со играчите. Мене како играч тоа ми е многу важно. Убаво е кога некој ве фали, но и кога ви кажува на грешките, со тоа само се подобрува играта. На тренерот не му се допаѓа доклку некој е деконцентриран кога сакаме да ја држиме топката во посед. На тоа Ван Гал инсистира.“

За време на припремите често игравте како лев везен играч, а во купот против Некарлец игравте како лев бек. Која позиција вие повеќе ја сакате?

„Во везниот ред, тоа ми е омилена позиција. Моите предности се брзината и техника, а таму тоа повеќе доаѓа до израз. Но доколку тренерот одлучи дека повеќе ќе играм назад и тоа ќе ми биде мило.“

Последните две сезони како лев везен играч играше Рибери. Дали можете да ги развеселувате фановите на Баерн како него?

„Не би се споредувал со него, во моментов тој е еден од најдобрите офанзивни играчи во светот. Можеме да бидеме среќни што е во нашиот тим. Јас имам свој стил и со него ќе се обидам да му помогнам на тимот. Доколку успеам во тоа и фановите ќе бидат на моја страна.“

Но конкуренцијата во средниот ред е застрашувачка.

„Секако, но јас ќе давам се од себе и на тренизните и на натпреварите. Фудбалот е всушност многу едноставен – играат најдобрите. Кога добро ќе играм ќе бидам во првиот тим, а сега верувам дека имам добри шанси за тоа.“

Иако германската Бундеслига се уште не е почната, дали можете да ја споредете со холандската лига?

„Можам, бидејќи од секогаш ја следам. Многу хрвати играле таму. Во Холандија се повеќе ориентирани на нападот, додека одбраната е во втор план, затоа и има многу голови. Овде повеќе се внимава на тактичката дисциплина.“

Минатата сезона Баерн стигна до четвртфиналето до Лигата на Шампионите каде што Барселона беше подобра. Дали оваа сезона има шанси?

„Во натпреварите со Милан и Манчестер покажавме дека можеме да ги победиме фудбалските великани. Иако тоа беа само подготвителни натпревари. Сметам дека нам приоритет ќе ни биде домашното првенството, Лигата на Шампионите е на второ место. Минатата сезона Барселона беше прејака, оваа сезона постојат десет тимови кои можат да ја освојат Лигата на Шампионите. И Баерн е меѓу нив, се надевам дека ќе стигнеме многу подалеку од лани.“ заврши Прањиќ.

  1. 04/08/2009 во 20:24 ч.

    taka e… smetam deka mozeme da napravime nesto poveke ovaa sezona vo LS…

  2. nino
    05/08/2009 во 11:12 ч.

    ako imame malku sreka vo zdrepkata mislam deka mozeme da stigneme poveke od lani!

  3. MARTIN
    07/08/2009 во 12:16 ч.

    Jas bez lazna skromnost ocekuvam ovaa sezona barem polufinale vo L.S

  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: