Почетна > Баерн Минхен, Колумни > Холаѓанецот во (не)возможна мисија во Минхен

Холаѓанецот во (не)возможна мисија во Минхен

Ќе се закитат ли со трофеј?

Ќе се закитат ли со трофеј?

За помалку од две седмици ќе започне новата натпреварувачка сезона во Германија а екипата на најтрофејниот германски клуб,Баерн Минхен,ќе ја започне со неколку нови играчи но и нов тренер од којшто  очекувањата се навистина големи.Станува збор за холандскиот стратег Луис Ван Гал.

На крајот на минатата сезона,раководството на баварците се одлучи токму за тренерот кој низ годините наназад освои повеке трофеи со различни клубови,надевајќи се дека конечно тој ќе успее да го врати клубот на победничките патеки.

Имено,ван Гал се до доаѓањето во Минхен,беше менаџер на Ајакс (1991-1997),Барселона (1997-2000),потоа беше избран за селектор на Холандската фудбалска репрезентација (2000-2002),по што повторно се врати на кормилото на каталонците но само за кратко (2002-2003), и во периодот 2005-2009 го предводеше тимот од холандското првенство Аз Алкмар.Низ сите овие години,холандскиот стратег постигна прилично голем  успех: во 1992 год. го освои Купот на УЕФА како тренер на Ајакс и стигна до финалето во 1995 год каде загуби од Милан.Истата година Ајакс го победи бразилскиот Гремио и го доби Тојота купот,по што следуваше уште еден голем дострел во неговата тренерска кариера-Финале во ЛШ 1996 кое го загуби од Италијански Јувентус.Во овој период Патрик Клајверт,Овермарс,браката Франк и Роналд де Бур,Едгар Давидс и ван Дер Сар кои сеуште беа анонимци,Ван Гал ги направи  мега ѕвезди.Токму овие успеси се неговите најголеми достигнувања како тренер.Овие резултати го лансираа во светот на најбараните кормилари па не е чудно што во 1997 год се пресели на Ноу Камп.Под негова палка ,Барса ја освои Ла Лига 2 пати а почитот кон него постојано растеше.Во периодот од 2000 па се до заминувањето во Аз Алкмар,имаше пад во неговите резултати особено освојувањето на трофеи.Но,со не толку познатиот холандски тим,успеа да направи чудо.Ја препороди екипата веќе во првата сезона од негото пристигнување каде заврши на третата позиција со само 3 бода заостанување зад шампионот ПСВ Ајндховен.Во 2007 година Луис ван Гал го одведе клубот до второто место во КНВБ Купот каде по којзнае кој пат го потврди неговиот тренерски квалитет.

Поради сите овие успеси,Баерн кои беа во потрага по искусен менаџер пред неколку месеци се одлучија токму за него верувајќи дека ќе и се стави крај на променливата играчка форма на клубот во изминативе неколку сезони.Сега Ван Гал ја има довербата од управата на клубот,а веднаш се реши да повлече неколку (дури и малку чудни) потези.Се ослободи од Боровски,Зе Роберто,но и од Лусио без притоа да побара соодветна замена.Верува дека има екипа која ќе може да направи  некој подвиг…но колку е тоа возможно во реалноста?? Неговите тренерски резултати се имресивни (од екипа како Аз Алкмар која се бореше за опстанок во лигата,успеа да направи екипа за респект и тоа со буџет кој ни приближно не е колку буџетот на баварците).Едноставно,Ван Гал смета дека и со овој играчки кадар на клубот во којшто нема многу мајстори на фудбалската игра ќе освојува титули.За разлика од него,речиси сите познати тренерски имиња бараат и вложуваат милиони за ангажман на ѕвезди,меѓутоа холаѓанецот има дијаметрално спотивен метод на работа кој во неколку наврати се покажал како доста добар.За поздрав е неговиот оптимизам,но дали ќе успее да го препороди и Баерн Минхен со неговите методи и тактики на игра и дали воопштоја заслужува огромната доверба на Хенес  останува да покаже времето.

  1. Сè уште нема коментари.
  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: