Почетна > Алианц Арена, Баерн Минхен, Баерн Минхен - мечеви > Ауди Куп: Турнир за престиж и вистински тест

Ауди Куп: Турнир за престиж и вистински тест

Четири големи тимови на едно место

Четири големи тимови на едно место

Турнир во кој се собрани најдобрите екипи од светот, сите освојувачи на Интерконтиненталниот куп, Милан, Манчестер Јунајтед, Бока Јуниорс и секако Баерн Минхен е многу повеќе од само шанса да се освои трофеј за Ван Гал.

За Баерн ова ќе биде вистински тест за тоа колку квалитет има во тимот пред почетокот на новата сезона. „Имавме само три и пол седмици со подготовки, па ќе го искористам овој турнир за да видам колку е тимот собран заедно пред почетокот на Бундеслигата,“ објасни Ван Гал.

Турнирот започнува утре со полуфиналните дуели, Манчестер Јунајтед против Бока Јуниорс и Баерн Минхен против Милан, а денеска преку 70 новинари се собраа на прес конференцијата да ги чујат четворицата тренери.

„Ние само што се вративме од турнир во САД и моите играчи се малце изморени, но сме многу среќни што ќе учевстуваме во овој престижен турнир,“ изјави тренерот на Милан, Леонардо.

„Се надевам дека публиката ќе ужива гледајќи ги овие големи тимови, но исто така се надевам дека ќе сфатат дека ова се само припреми,“ рече Ван Гал. Предсезонските спремања за Милан само што започнуваат, бидејќи Серија А започнува дури на крајот на Август. „Баерн веројатно ќе бидат во подобра форма утре,“ рече Леонардо. „Милан се голем тим. Едвај чекам да видам како мојот тим ќе се снајде утре,“ рече Ван Гал.

Во овие два натпревари Ван Гал најави дека ќе проба што повеќе играчи и дека на едниот натпревар ќе брани Бут, а на другиот Ренсинг, додека Франк Рибери, Лука Тони и Ивица Олиќ нема да настапат заради повреди.

Меѓу другото, ова е деби на Ван Гал и на новите играчи Данијел Прањиќ, Едсон Брафхајд, Анатоли Тимосчук, Александар Баумјохан и Марио Гомез на Алианц Арената. „Ауди Купот е најтешкиот натпревар од нашите припреми,“ рече Гомез, „тоа ќе биде вистински тест, пред сериозните натпревари, сите со нетрпение очекуваме да излеземе и да покажеме кои сме.“

Распоред на турнирот

Среда:
18.30 —  Манчестер Јунајтед – Бока Јуниорс
20.45  —  Баерн – Милан

Четврток:
18.30 — Натпревар за третото место
20.45 — Финале

  1. Frosina
    28/07/2009 во 22:57 ч.

    Леле колку ги посакувам Манчестер да ни се паднат у финале ауууу

    • Алекс
      29/07/2009 во 3:55 ч.

      е нема што, тоа не бива е ЛШ

  2. Borce Janevski-Skopje
    29/07/2009 во 0:34 ч.

    Milan ke gi tepame 100% deka se drva ovaa godina,ama finaleto ke bide tesko osobeno bez Riberi

  3. Petar
    29/07/2009 во 12:05 ч.

    vo pravo ste a Gomez:”so netrpenie ocekuvame da izlezeme i da pokazeme koi sme”toa ggo cenam i ke pokazaeme stv koi sme:P

  4. 29/07/2009 во 14:30 ч.

    gazeme go milan vecer!! slabi se za nas iako sme bez toni, ribery, olic… :)

  5. Petar
    29/07/2009 во 15:56 ч.

    hihi taka e dare:D

  6. Ballack
    30/07/2009 во 0:13 ч.

    наум те молам кажи ми дали ке има на тв некаде пренос…..Морам да гледам

  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: