Почетна > Баерн Минхен, Баерн Минхен - мечеви, Бундес Лига > Еуроспорт ги има правата за Бундеслигата!

Еуроспорт ги има правата за Бундеслигата!

Бундеслигата на Еуроспорт

Бундеслигата на Еуроспорт

Спортската телевизија Eurosport успеа да ги откупи телевизиските права за пренос на Бундслигата од DFL Sports Enterprises GmbH.

Договорот, кој трае од 2009 до 2012, покрива 22 држави меѓу кои се: Данска, Финска, Норвешка, Шведска, Исланд, Полска, Унгарија, Романија, Чешка, Словачка, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Естонија, Латвија и Литванија, а во договорот се и правата за втората германска дивизија.

Според најавите, Еуроспорт ќе пренесува по четири натпревари и неделно хајлјатс шоу во сите 22 држави. Повеќе поволности добиваат петте скандинавски земји, кои можат да ги гледаат и сите натпревари во живо со доплата.

Претседателот на Еуроспорт групата, Лорент Ерик Ле Леј изјави: „Многу сме задоволни што ги откупивме ексклузивните права за Бундеслигата. Со ова се зголемува нашата спортска понуда. Покрај квалитетните играчи и тимови Бундеслигата одсекогаш била позната по многу голови, полните стадиони и одличните ТВ преноси. Бундеслигата ќе им овозможи на нашите гледачи многу спорт и забава.“

Еуроспорт исто така најави и локализирање на Еуроспорт 2 на сите 22 јазици наведени погоре, што значи дека треба да очекуваме и Eurosport 2-MKD.

  1. 18/07/2009 во 20:39 ч.

    wow eurosport 2 mkd :D super :D

  2. damjan
    19/07/2009 во 11:33 ч.

    toa bi bilo super

  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: