Почетна > Баерн Минхен, Бундес Лига, медиуми > Баерн би бил прв без судиски грешки

Баерн би бил прв без судиски грешки

Табелата на Wahretabelle.deСпоред анализите на веб страницата Wahretabelle.de (вистинска табела) која ги следи судиските грешки и води табела според резултаите кои би требало да бидат реални, Баерн излегува најоштетен.

Според нив, Баерн е оштетен со дури 7 бундеслигашки поени, а со оглед на тоа што на Волфзбург му се поклонети два поени, Баерн би бил во предност  од дури шест поени.

Интересно би било што Хамбург би го имал петтото место со 13 поени заостанување зад Баерн. А во реалната табела тие се на делба на втората позиција со ист број на поени.

Како три најдрастични грешки кои ги забележа германската јавност, а ги истакува Bild се:

*Хамбург – Баерн 1-0, поништен регуларен гол на Лука Тони, еден поен помалце

*Борусија Менхенгладбах – Баерн 2-2, недосуден пенал направен врз Лам, два поени помалце

*Баерн Келн 1-2, поништен регуларен гол на Мирослав Клосе, недосуден очигледен пенал врз Донован, три поени помалце

Тренерот на Баерн, Јирген Клинсман се заинтересира за оваа статистика но не ги обивини судиите.
„Никогаш не сум слушнал за таа веб страница. Во секој случај се работи за интересни податоци. Но нема за што да се приговара. Судиите имаат тешка работа и не се потребни нови полемики. Ние ке сториме се што можеме да после 34 коло бидеме први на вистинската бундеслигашка табела.“

„Ненамерно сме оштетени“

„Ненамерно сме оштетени“

Легендата на Баерн, Франц Бекенбауер исто така се согласува со Клинсман.
„Не ме изненадуваат резултатите. Цело време имам осеќај дека имаме проблеми со судиите. Не оштетуваат, но во тоа нема никакви намери; како кај главните така и кај помошните судии.“

За разлика од челниците на Баерн, поранешниот тренер на Баерн, а актуелниот на Волфзбург, Феликс Магат со поинаков став.
„Мене тоа ми е смешно. Само во прошлото коло против Баер Леверкузен изборив четири судиски грешки кои би биле во наша корист.“

Бундеслигашката табела според  Wahretabbele.de изгледа вака:

1. Баерн Минхен (моментално 2.) 61 поен  (моментално 54) +7 поени 63-35 гол разлика
2. Волфзбург (моментално 1.) 55 поени (моментално 57) -2 поени 63-36 гол разлика
3. Штутгарт (моментално 5.) 55 поени (моментално 51) +4 поени 51-39 гол разлика
4. Херта (моментално 4.) 49 поени (моментално 52) -3 поени 46-36 гол разлика
5. Хамбургер (моментално 3.) 48 поени (моментално 54) -6 поени 44-42 гол разлика

  1. volcko_MKD
    29/04/2009 во 15:35 ч.

    bayern se shampioni zatoa shto ni edna ekipa ne e dorasnata za da osvoi titula momentalno. Samo Bayern mozat da napravat podvig i da gi tepaat site utakmici do kraj zatoa shto imaat tim shto moze mnogu povekje ……….. BAYERNNNNNN

  2. 30/04/2009 во 11:29 ч.

    da taka e volcko :D p.s. aj pisi mi go tvojot msn (ako imas) pozzz

  3. edin dzeko
    05/05/2009 во 23:11 ч.

    e neznam dali nikoj ne e dorasnat za bayern. 5-1 mislam deka ne e malku plus edin dzeko i grafite se vo top forma.Wolsburg sampioni

  4. 06/05/2009 во 18:48 ч.

    Еееее до кај стигна Баерн, да неможеме ни со зборови да се спротивставиме на Волфзбург…

  5. 11/05/2009 во 21:57 ч.

    Vrtti suci pak ke si bideme sampioni, a za ostetite nema vrska neka bidat, koga ne bile. Mislam deka psiholoski Wolfsburg nema da go izdrzi finisot.

  6. bobi rame
    13/05/2009 во 19:55 ч.

    bayern munchen od sekogas se naj jaka ekipa so naj golema istorija u sveto i toa ke go zadrzat sekako i ke bidat sampioni vo germanija a voedno mozam da kazam deka i ribery nema sansi da si ide od bayern muchen-da ne e ulav da si ode ..cc ne s elaze on za pari

  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: