Archive

Archive for the ‘медиуми’ Category

Најдобрите тимови на минатиот век

IFFHSИнститутот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) направи ранг листа на тимови за нивните настапи во минатиот век.

IFFHS долго и внимателно собирале и обработувале информации за резултатите и формата на европските тимови во текот на период од 1901 до 2000.

Според нив најдобар тим во тој период е Раел Мадрид, по кои следуваат Јувентус, Барселона, Милан и Баерн Минхен кој е петти.

Статистичарите на IFFHS во предвид ги зеле настапите на тимовите во европските натпреварувања, а не настапите во домашните првенства и купови.

Баерн Минхен се наоѓа на одличната петта позиција со само 0,75 поени зад италијански Милан, а следен германски тим после Баерн е Хамбургер на 18 позиција со 259 поени повеќе.

Еве ги најдобрите 20 тимови:

1. Реал Мадрид (Шпанија) – 563,50 поени
2. Јувентус (Италија) – 466,00
3. Барселона (Шпанија) – 458,00
4. Милан (Италија – 399,75
5. Баерн Минхен (Германија) – 399,00
6. Интер (Италија) – 362,00
7. Ајакс (Холандија) – 332,75
8. Ливерпул (Англија) – 300,25
9. Бенфика (Португалија) – 299,00
10. Андерлехт (Белија) – 231,00
11. Манчестер Јунајтед (Англија) – 220,00
12. Атлетико Мадрид (Шпанија) – 196,00
13. Ференчварос (Унгарија) – 190,00
14. Лидс Јунајтед (Англија) – 154,50
15. Спарта Прага (Чешка) – 149,50
16. Динамо Киев (Украина) – 144,50
17. Рома (Италија) – 141,50
18. Хамбургер (Германија) – 140,50
19. Борусија Менхенгладбах (Германија) – 136,50

20. Тотенхем (Англија) – 136,00

Live Football

Балак: Робен е вистинско засилување за Баерн Минхен

Вистинскиот човек за Баерн

Вистинскиот човек за Баерн

Михаел Балак верува дека со потпишувањето на Робен, Баерн Минхен може да се бори за висока позиција во Лигата на Шампионите.

Холандскиот фудбалер дојде во Баерн Минхен за 24 милиони фунти од Реал Мадрид.

Баварците веќе го имаа Франк Рибери, а со доаѓањето на Робен тимот значително се засили.

Баварците во изминатите години не се конкурентни на најголемите европски клубови, но Балак верува дека купувањето на играчи од типот на Робен ќе го врати тимот на старата слава.

„Баерн научи во изминатите години дека треба да купува фудбалери од квалитетот на Рибери и Робен за да има шанси за трофеј во Лигата на Шампионите.“

„Купување на фудбалери од таа класа автоматски го дига стандардот на тимот.“

Балак две години играше заедно со Робен во Челзи и добро ги познава неговите квалитети.

„Аријен е брз и одличен дриблер. Не можам да се сетам на друг таков фудбалер во Бундеслигата овие денови“ – заврши Балак.

24fudbal.com.mk

Во последен момент пропаднал трансферот на Лел – виновник: самиот играч

Како во земја да пропаднал кога требало да го потврди трансферот

Како во земја да пропаднал кога требало да го потврди трансферот

Кога се изгледало дека е  договорено и останале само уште неколку детали околу трансферот на Лел во Стоук Сити во Премиерлигата, сепак трансферот пропаднал.

Како што пренесува босанскиот блог bavarci.blogger.ba Баерн и Стоук во вторникот (трансфер периодот за британците беше до 1ви) се договориле за трансфер на Христијан Лел во англискиот тим за 3.5 милиони евра.

Но, трансферот пропаднал благодарение на веќе предвреме отпишаниот Лел. Кога управата ан Баерн се обидела да го контактира Лел за да го потврдат трансферот, тврдоглавиот играч не се јавувал на ниту еден телефон, како во земја да пропаднал.

Така пропаднал овој трансфер договорен во последните секунди кој би му донел на Баерн 3.5 милиони евра. Оштетен остана и Стоук, кој не пронајдоа адекватен десен бек, а оштетен остана и Баерн бидејќи не го продаде овој играч, кој не е во плановите на Ван Гал.

Каде бил Лел таа вечер и зошто не се јавувал на мобилен, како и дали ќе сноси некоја казна останува да видиме кога Лел ќе се појави.

Баерн и Реал се договориле околу Робен

На само 5 дена пред крајот на трансфер периодот Робен ќе дојде во Минхен?

На само 5 дена пред крајот на трансфер периодот Робен ќе дојде во Минхен?

Како што денеска пренесоа сите шпански и германски медиуми, Реал Мадрид и Баерн Минхен успеале да се договорат за трансфер на Робен.

Се започна со објавувањето на статија од страна на германски TZ, по што тоа го потврдија и шпанските весници блиски до Реал, Marca i AS. Баерн Минхен и Реал Мадрид постигнале договор за трансфер на играчот Аријен Робен од Мадрид во Минхен.

Овој трнасфер утринава за мадридското радио Onda Cero го потврди и претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој кажа дека цената на играчот била 25 милиони евра.

Се уште нема официјална потврда на овој трансфер од страна на Баерн Минхен, а потпаролот на тимот за прв пат проговори за трансфер шпекулација изјавувајќи „Трансферот во Баерн Минхен се уште не е завршен и потврден. Треба и ние да си за завршиме домашната задача“.

Но, шпанскиот весник AS истакна дека трансфер договорите не завршиле тука. Имено, спред шпанскиот весник двата тима се договориле и за трансфер на Франк Рибери.

Како што пренесоа тие, французинот ќе премине во тимот на Реал Мадрид, но од следната сезона за идентична сума, 25 милиони евра.

Арјен Робен во Баерн???

ќе предизвика вистинска сензација помеѓу фановите на Баерн

Ќе предизвика вистинска сензација помеѓу фановите на Баерн

Фановите како и многу експерти се исти во ставовите дека овој состав на Баерн има голем недостаток на квалитет,и поради тоа беше повикан бордот да превземе акција.Желбата на фановите е Ван дер Ваарт.

Веќе со денови се дискутира зошто Баерн не сака да се вклучи во трката за плејмејкерот на Реал Мадирд,кој може да биде вистинско решение за проблемите во Баерн.Сите се прашуваат зошто Баерн не го сака Ван дер Ваарт?

ТZ успеа да дојде до одговорот:причината е Арјен Робен.Баерн го сакаат Робен во своите редови.Според информациите на ТZ Баерн се далеку напред во преговорите:трансферот на Робен во Баерн е пред комплетирање!!!

Баерн го сака него наместо Ван дер Ваарт.

Според информациите на TZ од теренот на Реал,Баерн сака веќе денес да се официјализира овој трансфер,и само детали се потребни да се договорат.Робен би бил презентиран оваа недела,и има големи шанси да заигра против Волфсбург.

Ако Баерн ја заврши оваа зделка ќе биде вистински погодок.И покрај тоа што има интерес од Манчестер кои нудат 12.5 милони евра.

Робен кој има 25 години премина во Реал од Челзи за сума од 36 милиони евра.Има само еден мал проблем,тој не е класичен плеј туку повеќе лево крило.

Арне Фридрих ќе се пресели во Минхен?

Дали Фридрих ќе биде замената за Лусио?

Дали Фридрих ќе биде замената за Лусио?

Како што пренесоа некои од германските медиуми, дефанзивецот на Херта и германската репрезентација е на добар пат да се пресели на Алианц Арената.

По слабиот старт на Баерн во новата сезона, фановите се налутија на управата и им испратија протестно писмо со кое побараа челниците малце да се активираат на трансфер маркетот.

Најболна е ситуацијата во одбраната, откако беше продаден капитенот на Бразил, Лусио, а не беше доведена соодветна замена. По неуспешните обиди за купување на Босингва и Даријо Срна, сега Баерн се сврте кон Фридрих.

На последниот натпревар на Херта, против Бохум на трибините беше и скаутот на Баерн, Пол Брајтнер кој дошол таму за да го следи дефанзивецот на Херта.

Се уште нема потврда од Баерн дека се заинтересирани за овој играч, а медиумите шпекулираат дека трансферот би чинел околу 7 милиони евра.

Интервју:Ули Хенес-вистината за Рибери

Сагата за Рибери конечно заврши.....???

Сагата за Рибери конечно заврши.....???

СБ: Господине Хенес,уште само 12 дена до крајот на трансфер периодот,а Рибери е сеуште во Баерн.Дали сте горди на себе?

Х: Не сум горд.Едноставно бевме константни во својот став.Јас имам прекрасни колеги во Румениге и Карл Хофнер,со кои секогаш го имавме истото мислење дека не сакаме Рибери да си оди.

СБ: Се верува дека сумата од околу 80 милиони за Франк е чисто од инает?

Х:Тоа не е баш така.Во управата се договоривме,за сума од 100 милиони ќе седнеме на маса да преговарамае.Сепак тоа беше само еден вид на превентивна мерка.Не верувавме дека некој можа да понуди толку.Сакавме само да го задржиме Франк.

Read more…