
Каде ќе гледаме Бундес?
Фановите на подобрите европски лиги се жалат заради блокираните термини од ФФМ, а фановите на Бундеслигата мака мачат со преносите веќе повеќе години.
Изминатите неколку сезони Бундеслигата ја следевме преку телевизијата АлСат М со коментар на албански јазик, а за оваа сезона официјалните права за пренос на Бундеслигата за Македонија ги има телевизијата Еуроспорт.
Тие си направија многу добра програма: четири натпревари по коло, плус преглед на колото во понеделник. Дури и најавија и коментар на сите 22 јазици во чиј држави ги имаат правата (вклучувајќи ја и Македонија).
Сето тоа е супер, но дали секој од нас ја фаќа Еуроспорт 2? Дали и таму важат блокираните термини? Никаде за ништо не се кажува. Последната официјална информација од Еуроспорт е од Декември минатата година.
Ова е еден апел до сите фанови на Баерн, дајте заедно да најдеме решение. Доколку некој фаќа Еуроспорт 2, каде што е предвидено да одат преносите, нека кажи дали навистина ќе ги има и дали некој некаде ја има сретнато таа Еуроспорт 2 која ќе има македонски коментар.
Како организација на македонски фанови на Баерн, ќе пратиме маилови до повеќто кабелски оператори да ја пуштат оваа програма, макар и само за време кога се играат натпреварите.
Во коментари оставете маил или веб адреса од вашиот кабелски оператори, па ќе пратиме една заедничка молба за да го гледаме овој канал.
