Ауди Куп: Турнир за престиж и вистински тест

Четири големи тимови на едно место
Турнир во кој се собрани најдобрите екипи од светот, сите освојувачи на Интерконтиненталниот куп, Милан, Манчестер Јунајтед, Бока Јуниорс и секако Баерн Минхен е многу повеќе од само шанса да се освои трофеј за Ван Гал.
За Баерн ова ќе биде вистински тест за тоа колку квалитет има во тимот пред почетокот на новата сезона. „Имавме само три и пол седмици со подготовки, па ќе го искористам овој турнир за да видам колку е тимот собран заедно пред почетокот на Бундеслигата,“ објасни Ван Гал.
Турнирот започнува утре со полуфиналните дуели, Манчестер Јунајтед против Бока Јуниорс и Баерн Минхен против Милан, а денеска преку 70 новинари се собраа на прес конференцијата да ги чујат четворицата тренери.
„Ние само што се вративме од турнир во САД и моите играчи се малце изморени, но сме многу среќни што ќе учевстуваме во овој престижен турнир,“ изјави тренерот на Милан, Леонардо.
„Се надевам дека публиката ќе ужива гледајќи ги овие големи тимови, но исто така се надевам дека ќе сфатат дека ова се само припреми,“ рече Ван Гал. Предсезонските спремања за Милан само што започнуваат, бидејќи Серија А започнува дури на крајот на Август. „Баерн веројатно ќе бидат во подобра форма утре,“ рече Леонардо. „Милан се голем тим. Едвај чекам да видам како мојот тим ќе се снајде утре,“ рече Ван Гал.
Во овие два натпревари Ван Гал најави дека ќе проба што повеќе играчи и дека на едниот натпревар ќе брани Бут, а на другиот Ренсинг, додека Франк Рибери, Лука Тони и Ивица Олиќ нема да настапат заради повреди.
Меѓу другото, ова е деби на Ван Гал и на новите играчи Данијел Прањиќ, Едсон Брафхајд, Анатоли Тимосчук, Александар Баумјохан и Марио Гомез на Алианц Арената. „Ауди Купот е најтешкиот натпревар од нашите припреми,“ рече Гомез, „тоа ќе биде вистински тест, пред сериозните натпревари, сите со нетрпение очекуваме да излеземе и да покажеме кои сме.“
Распоред на турнирот
Среда:
18.30 – Манчестер Јунајтед – Бока Јуниорс
20.45 – Баерн – Милан
Четврток:
18.30 — Натпревар за третото место
20.45 — Финале



















