Aлианц Арена,29.08,Баерн-Волфсбург,80 минута.Слободен удар изведува Мисимовиќ.Лош центаршут,а топката се одбива право до Арјен Робен кој се наоѓа на средината на теренот.Робен ја прима топката поминувајќи го Дежага.Алианц Арена е на нозе……..Робен пред себе има празен простор,и започнува со својата експлозија…..Рибери во ист стил трча покрај него.Сите погледи вперени кон овие двајца….Робен подава до својот колега,миленикот на минхенската публика.Во својот препознатлив бомбастичен стил поминува речиси половина терен.Несебично,топката оди повторно до летечкиот холанѓанин.Овој нема милост…...Екстаза кај фановите на Баерн Минхен!!!

делириум кај фановите-бесценето
За момент на сите им се вратија сеќавањата од пред две сезони.Тогаш наместо Робен,во слична улога беше Лука Тони.Комбинации,пасови,нафрлања голови,а фановите на Баерн беа на нозе.Таа сезона помина спектакуларно,исполнета со многу трофеи,и пред се со многу забава.
Следеше помалку хаотичен период.Се сменија многу работи во Баерн.И тоа од корен.Заминаа маркантни личности,за кого требаше подолго време да се надоместат.Една цела сезона,со многу проблеми,многу препирања,безброј дилеми,а малку задоволство.Особено за фановите.Арената не беше повеќе онаква каква навикнавме да ја гледаме.Рибери не беше константен во формата,исто важеше и за Тони.Едноставно забавата исчезна,а Хенес се повеќе поцрвенуваше,отколку што славеше.
Овој преоден рок беше вистинската шанса тоа да се промени и никогаш да не се повтори.Повторно целосна промена на играчкиот и тренерскиот кадар.Нов тренер,нови лица,нови фудбалери.Огромна доверба од страна на фановите,и надеж за многу титули.Никој не сакаше ни да помисли на она што се случуваше лани.Подготвителниот период помина очекувано и започна новата сезона.Момент кога сето тоа мора да се спроведе на дело.
Read more…