Даниел Ван Бајтен: Сакам да ја освојам ЛШ

Освојувањето на ЛШ сеуште му е неостварена желба
Даниел ван Бајтен за кратко време се здоби со репутација на главен играч во ЛШ за Баерн.Слично како и минатата сезона,и овој пат белгискиот интернационалец го постигна првиот гол за Баерн во најелитното натпреварување во Европа.Во интервјуто дадено за официјалниот сајт на баварците тој зборува за Луис Ван Гал,за постигнувањето на важни голови како и за неговиот животен сон.
fcbayern.de: Вие го постигнавте првиот гол за Баерн минатата сезона во Букурешт,а во мечот против Макаби Хаифа повторно го сторивте тоа…вие како да сте обврзан да го постигнувате првиот погодок во ЛШ секоја сезона?
Ван Бајтен : Не би било лошо тоа.Игравме доста добро во првото полувреме,но не успеавме да го сториме најпотребното-да постигнеме гол.Поласкан сум што јас го постигнав голот кој му беше потребен на тимот,исто како и минатата година во Букурешт.Тоа ни помогна во освојувањето на премиерните три бода.
fcbayern.de: Обично напаѓачите се задолжени за постигнување на головите…
Ван Бајтен: Но одвреме на време зошто да не постигнат по некој гол и одбранбените?Јас сакам да и помогнам на екипата.
fcbayern.de: Сите 4 гола кои ги имаш постигнато во дресот на Баерн биле многу важни-головите во Хаифа и Букурешт,и двата гола против Милан (2-2).
Ван Бајтен: Задоволен сум поради тоа.Никогаш нема да ги заборавам постигнатите голови а не би требало ниту фановите.
fcbayern.de: Што е поважно-постигнувањето голови или да го спасите сопствениот гол?
Ван Бајтен: Двете.Ние дефанзивците секогаш сакаме да биде безопасно пред нашиот гол.Одбраната е дел од играта исто како и нападот.
fcbayern.de: Луис Ван Гал беше многу задоволен од перформансите во првиот дел.Дали играте на начин каков што посакува тренерот?
Ван Бајтен: Беше малку незгодно за игра на почетокот, но се подобруваме на секој натпревар.Постигнавме 11 гола во последните 3 меча а примивме само еден.Тоа е показател дека учиме и дека се повеќе се навикнуваме на тактиката на тренерот.Не смееме да мислиме дека се е перфектно бидејќи би можеле лесно пак да “паднеме”.Секој од нас треба да се рефокусира константно.
fcbayern.de: Што е сменето во одбраната под водство на Ван Гал?
Ван Бајтен: Тренерот сака дефанзивните играчи да се вклучат во борбата за топка,па секогаш има опција да се повлечат назад.Но,сака и да помогнат во создавањето на акциите.
fcbayern.de: Уште еднаш,ти го помина дуелот со Макаби во покажување,гестикулирање и давање наредби.
Ван Бајтен: Се обидував да ја организирам одбраната најдобро што можам.Среќен сум со улогата што ја имам во екипата и затоа всужност дојдов од Хамбургер.Кога работите не се одвиваат најдобро,се обидувам да ги мотивирам соиграчите.Кога се е добро,тогаш ги мотивирам соиграчите да продолжат така.
fcbayern.de: Да се вратиме на ЛШ.Во годишната книга на Баерн вие рековте дека најголема желба ви е триумф во ЛШ.Возможно ли е тоа сезонава?
Ван Бајтен: Имам соништа кои сакам да се реализираат барем во некоја точка.Знам дека остварувањето на овој сон ќе биде многу тешко,но се надевам дека ќе ми успее еден ден.Како и да е,сепак имаме одиграно само еден меч,па затоа треба да се концентрираме на следниот и да се осигураме дека ќе ја поминеме групната фаза.Потоа поинаку ќе погледнеме на работите.
fcbayern.de: Следен предизвик е саботната пресметка со Нирнберг.Колку е тешко да се адаптирате на Бундеслигата после започнувањето на ЛШ?
Ван Бајтен: Шампионската Лига е секогаш посебна,но секогаш треба да можете да се рефокусирате на домашното првенство.Ние сме професионалци и ќе го сториме тоа.Ние не сме лидери на табелата и знаеме дека саботниот натпревар е дерби.
















Така ѕверуууу мотивирано :) браво само така треба
А ја сакам да влеземе во европа ама… :D:D
sjajen decko beskrajno kulturen i gospodin vo terenot site decki na baern zasluzuvate titula vo liga sampioni ke bide godinava
Iskreno se nadevam deka BAYERN konecno ovaa godina ke uspee da ja pokori evropa, no za da se sluci toa treba da se zasilat so defanzivec i golman, BAYERN FOREVER!!!
i jas sakam da se sluci toa
CAR VAN BUYTEN!!! :)
http://fcbayern-fans.webnode.com/ najbolje mjesto za navijače bayerna…
uste nekolku vazni gola na van buyten i toa ke bide…..:-)))))
Ke bide. Samo so cvrsta igra i bez greski.
btw:NAPRED ZVERU!!!!!!!