Home > Баерн Минхен > Среда, 10.30ч – почеток на тренинзите!

Среда, 10.30ч – почеток на тренинзите!

Луис Ван Гал - главен тренерЛуис Ван Гал, Андрис Јонкер (асистент), Херман Гералд (асистент), Волтер Јунгханс (тренер на голмани), Јос Ван Дијк (координатор), Макс Рекерс (видео анализи) и физиотерапефтите на Баерн се собраа во вторникот попладне. Ван Гал се поздрави со неговиот тим со кои ќе работи следната сезона и сега се спремни за почеток на тренинзите.

Официјалниот старт на новата сезона е утре (среда) во 10.30ч кога и започнува првиот тренинг на Сабнер Штрасе.

На утрешниот прв тренинг нема да присувстуваат Лука Тони и Лусио кои се уште се ослободени заради репрезентативните обврски на Купот на конфедерации, додека Марио Гомез, Анатоли Тимосчук, Ивица Олиќ, Данијел Прањиќ,  Едсон Брафхајд и Александар Баумјохан ќе бидат тука да се запознаат со новата работна околина.

Но и старите играчи ќе забележат некои промени во тренинзите под водство на новиот тренер. По барање на Ван Гал инсталирани се камери на тренинг терените, со кои ќе се снимаат тренинзите и движењата на играчите за подоцни аналзи и кроење на тактитки. Играчите исто така ке носат и специјални ланци на нив за време на тренинзи, преку кои ќе се надгледуваат нивните физички способности.

И самото место на Сабнер Штрасе претрпе неколку промени. Тренерите сега ке бидат сместени на ново место, додека тревата на тренинг местата е променета и подобрена. Фасадата на објектите е реновирана, додека се уште не е завршено асфалтирањето.

Исто така од Баерн сооптшија дека била зголемена и продажбата на новите дресеви со кои ке играат играчи на Баерн во следната сезона.

  1. 30/06/2009 at 23:17 | #1

    ubavo, ubavo.. :)

  2. Petar
    01/07/2009 at 11:38 | #2

    haha na 5 juli ke dobiete i od mene nekoj denar ke zemam dres i ke ve vidam se nadevam:D