Home > Алианц Арена, Баерн Минхен > Минхенската гордост – фабрика за пари

Минхенската гордост – фабрика за пари

Најпосетеното место во Минхен

Најпосетеното место во Минхен

Кога во 1968 година во Минхен е изграден олимпискиот стадион за ОИ во 1972, се велеше дека тоа е чудо. Неговиот кров изгледаше како Алпите, а после тоа на тој стадион се радуваа Баерн Минхен и Минхен 1860.

Денес Олимпискиот стадион е само една од атракциите на Минхен, а сите патишта кога игра Баерн, водат неколку станици со метрото понатаму, на крајот од градот.

Вратите на стадионот пред почетокот на натпревар се отвараат два часа порано, но просторот околу стадионот се полни дури и пред тоа, иако околу арената нема апсолутно ништо. Нема ниту едно кафуле за да седнеш и да се одмориш пред да влезеш во минхенската фабрика за пари, Алијанц Арената.

Вистински панаѓур пред Арената

Вистински панаѓур пред Арената

Германците имаат сосем доволни причини да дојдат на натпревар час или два порано. Една од нив е и навивачката распродажба пред Арената каде што може да се најде се што ќе замислите со логото на вашиот омилен тим, од пенкала, чанти, чадори, маици, тренерки, топки, и што уште не.

Час и пол пред натпреварот е невозможно да се прошета кај сите продавача. На натпреварите доаѓаат цела војска на навивачи од цела Германија и Австрија, но заработувачката уште се зголемува кога фановите ќе влезат во ходниците на Алијанц Арената, како што стадионот ќе се вика во следните 30 години.

Кога има натпревар станува центар на Германија

Кога има натпревар станува центар на Германија

Повеќе од 20 киосци со традиционални баварски колбаси се мамка за сите посетители, па макар со нив морале да пијат и безалкохолно пиво.

Германците за тоа имаат измислено посебни Арена картички со кои може да се купува во стадинот. Минималниот лимит е 10 евра, а со тоа се намалува гужвата пред киосците.

Колкава е одговорноста на навивачите кон стадионот покажува и фактот што тој е направен од 2874 перничиња прекирени со тенка специјална фолија, дебела само 0.2 милиметри. Што значи дека перничињата може да се скинат со некој малку поостар предмет, но на културните Германци тоа не им паѓа ни на памет.

Составена од 2874 слаби перничиња

Составена од 2874 слаби перничиња

Освен на денот на натпреварот, Арнета може да се прошета со туристички водич за само 10 евра, при што се разгледуваат сите ќошиња на стадионот дури и соблекувалните.

Иако повеќето би очекувале гламур во соблекувалните, сепак таа нема ништо повеќе од останатите, убава е, но скромна. Не е ни приближно гламурозна како што има Реал на Сантјаго Бернабе.

Најголема замерка за навивачите кои доаѓаа на Алианц Арена беше промајата која доаѓаше преку големите излези на арената, но сега таму се поставени врати кои се затвораат па тоа е веќе избегнато. Освен тоа многу навивачи се жалат и на престрогите правила за однесување внатре, но тоа е Германија…

  1. 19/05/2009 at 19:11 | #1

    pa i fabrika za pari li e .. eheeee… :D ZAKON!! :D NAJZAKON STADION IMAME!! :D

  2. ricko
    19/05/2009 at 21:03 | #2

    se e ubavo samo timot treba da pobeduva /……./