
Лусио ќе остане во Баерн
Баерн Минхен вели дека Лусио не е на продажба, тој има договор и ќе остане на Алианц Арента.
Бразилскиот капитен, Лусио пред некое време изјави дека не е среќен во Баерн Минхен бидејќи не му е гарантирано место во стартниот тим.
Манчестер Сити сериозно се поврзуваше со ангажман на дефанзивецот, но Берн потврдува дека тешко ќе се откаже од Лусио.
Луис ван Гал изјави дека ќе смета и следната сезона на услугите на Лусио.
“Лусио е под договор исто како и Мартин Демикелис, Даниел ван Бујтен и Брено” – изјави Луис ван Гал.
“Сите овие четири дефанзивци имаат многу силна десна нога и конкурираат меѓусебно за место во првиот тим”.
“Како и да е, замислувам дека ќе има уште едно стартно место слободно за овие четири фудбалери” – Ван Гал.
24fudbal.com.mk
06/07/2009
Categories: Баерн Минхен, Баерн Минхен - Трансфери, Играчи, медиуми . . Author: Наум Локоски - Баварец . Comments: 2 Comments

Погрешно сфатен
Франк Рибери вели дека неговите зборови во интервјуто за L’Equipe биле лошо разбрани и тој никогаш не кажал дека сака да замине по секоја цена.
Францускиот интернационалец се обидува да ја смири ситуацијата откако во четвртокот весникот L’Equipe објави интервју во кое Рибери рече: “Сакам да заминам. Сакам преселба во Реал или ништо друго.”
Баерн најави дека Рибери не е на продажба а Французинот во петокот и саботата не присуствуваше на тренинзите на Баерн и беше најавено од медиумите дека тој влегува во војна со управата на клубот.
Сега Рибери вели дека сето тоа не е точно, тој има повреда на Ахиловата тетива (се врати на тренинзите веќе во неделата) и додава дека бил лошо интерпретиран од новинарите.
“Дали ја лажирам повредата? Тоа е голема лага. Навистина имам болка, мојата тетива е инфицирана.” – рече Рибери за TZ магазинот.
“Сакам што е можно побрзо да се вратам на тренинзите.”
“Моите изјави за преселба во Реал Мадрид или ништо? Никогаш не сум кажал дека очајно посакува да заминам од клубот. Тоа не се моите зборови, мојата изјава е погрешно разбрана.”
“Јас ја развирам целата ситуација. Никогаш нема да влезам во недоразбирања со Баерн. Овие работи сакам да го разјаснам.”
“Едноставно треба да почекаме и да видиме што ќе се случи па доколку дојде понуда ќе ја разгледаме. Но сега нема да кажам ништо погрешно.”
24fudbal.com.mk
06/07/2009
Categories: Баерн Минхен, Баерн Минхен - Трансфери, Играчи, медиуми . . Author: Наум Локоски - Баварец . Comments: 1 Comment
Денеска во 10:30 беше одржан првиот тренинг на фудбалерите на Баерн Минхен под раководство на новиот тренер-Луис Ван Гаал.Со мало задоцнување поради одржаната прес-конференција пред тренинг,во 11:05 фудбалерите истрчаа на теренот,заедно со тренерскиот тим на Ван Гаал.Еве дел од тоа како протече првиот тренинг на Баерн во новата сезона:

тренинг центарот на Баерн Минхен

фановите чекаа со нетрпение

Франк Рибери и Даниел ван Бајтен пристигнуваат на тренинг

огромен медиумски интерес

2000 фанови присутни на првиот тренинг во новата сезона

Луис ван Гаал го започнува тренингот

речиси целиот тим на Баерн е на број

Ван Гаал со целата стручна екипа и тренерите

Ван Гаал и новите засилувања на Баерн

И официјално денеска започнаа припремите за новата сезона со новиот тренер и многу нови фудбалери.Па да му посакаме среќа и многу титули во Баерн на Луис Ван Гаал!!!
01/07/2009
Categories: Баерн Минхен . . Author: Милчо Балевски . Comments: 9 Comments

Повторно во Вердер
Како што е и од порано познато, германските репрезентативец Тим Боровски нема место во актуелниот тим на Баерн, па е во потрага по нов тим.
Па по се изгледа Тим кариерата ќе ја продолжи во тимот каде што и се прослави, Вердер Бремен. Спортскиот директор на Вердер, Алофс го потврди итнересот.
„Ние веќе стапивме во контакт со Боровски и шансите се големи тој да се врати“ изјави тој.
Минатата сезона, Боровски во Баерн премина како слободен играч и потпиша договор до 2011, така да доколку сега Вердер сака да го добие назад ќе треба да плати одредена сума на пари.
Покрај Вердер за Боровски се заинтересирани и од Астон Вила, кои пак се спремни да издвојат 5 милиони фунти.
30/06/2009
Categories: Баерн Минхен, Баерн Минхен - Трансфери, Играчи . . Author: Наум Локоски - Баварец . Comments: 4 Comments

Стави крај на шпекулациите, останува во Баерн
Во последните неколку дена низ медиумите во Германија и Италија на големо се шпекулираше дека Лука Тони ќе го напушти Баерн и дека ќе се врати во Италија.
Имено, заради доаѓањето на Марио Гомез и Ивица Олиќ, Тони наводно бил спремен да се врати во Италија и да игра и за помала плата. Но, Лука Тони изјави дека нема намера да се откаже од Баерн и дека е спремен да се бори за место во тимот.
„Во овој момент Баерн е се што сакам. Шансите за освојување на Бундеслигата се одлични, а реални се и тие за осовјување на Лигата на Шампионите. Останувам во Бваерн“, изјави Тони со што стави крај на шпекулациите.
Зголемената конкуренција во нападот за следната сезона би требало да резултира со подобри резултати, бидејќи секој од напаѓачите ќе се бори за место во првиот тим.
30/06/2009
Categories: Баерн Минхен, Баерн Минхен - Трансфери, Играчи . . Author: Наум Локоски - Баварец . Comments: 5 Comments
Луис Ван Гал, Андрис Јонкер (асистент), Херман Гералд (асистент), Волтер Јунгханс (тренер на голмани), Јос Ван Дијк (координатор), Макс Рекерс (видео анализи) и физиотерапефтите на Баерн се собраа во вторникот попладне. Ван Гал се поздрави со неговиот тим со кои ќе работи следната сезона и сега се спремни за почеток на тренинзите.
Официјалниот старт на новата сезона е утре (среда) во 10.30ч кога и започнува првиот тренинг на Сабнер Штрасе.
На утрешниот прв тренинг нема да присувстуваат Лука Тони и Лусио кои се уште се ослободени заради репрезентативните обврски на Купот на конфедерации, додека Марио Гомез, Анатоли Тимосчук, Ивица Олиќ, Данијел Прањиќ, Едсон Брафхајд и Александар Баумјохан ќе бидат тука да се запознаат со новата работна околина.
Но и старите играчи ќе забележат некои промени во тренинзите под водство на новиот тренер. По барање на Ван Гал инсталирани се камери на тренинг терените, со кои ќе се снимаат тренинзите и движењата на играчите за подоцни аналзи и кроење на тактитки. Играчите исто така ке носат и специјални ланци на нив за време на тренинзи, преку кои ќе се надгледуваат нивните физички способности.
И самото место на Сабнер Штрасе претрпе неколку промени. Тренерите сега ке бидат сместени на ново место, додека тревата на тренинг местата е променета и подобрена. Фасадата на објектите е реновирана, додека се уште не е завршено асфалтирањето.
Исто така од Баерн сооптшија дека била зголемена и продажбата на новите дресеви со кои ке играат играчи на Баерн во следната сезона.
30/06/2009
Categories: Баерн Минхен . . Author: Наум Локоски - Баварец . Comments: 2 Comments
Денеска беа соопштени броевите кои ќе ги носат новите шест играчи на Баерн во следната сезона, како и некои минимални промени во сегашните.
Во првата сезона во најуспешниот тим во Германија, Едсон Брафхајд ќе го има бројот “4″ на неговиот дрес, додека хрватите Ивица Олиќ и Данијел Прањиќ ке играат со “11″ и “23″.
Бразилскиот дефанзивец Брено ќе се префрли на бројот “15″, дозволувајќи му на Марио Гомез да си го носи неговиот број од Штутгарт, “33″. Поранешниот играч на Менхенгладбах Александер Баумјохан станува новиот број “19″. Младите таленти на Баерн Томас Милер и Холгер Бадштубер официјално се приклучуваат на тимот со броевите “25″ и “28″.
Украинецот Анатоли Тимосчук ќе игра во црвениот дрес со “44″ на неговиот грб. Додека, честта да го носи најголемиот број му припадна на Андреас Герлиц. Тој ќе продолжи да игра со бројот “77″.
Голманите си остануваат со истите броеви, Ренсинг “1″, Бут “22″, а тренерот Ван Гал ќе обрател внимание на тренинзите за да ја донесе одлуката кој ќе брани како прв голман.
Составот на Баерн за 2009/10
29/06/2009
Categories: Баерн Минхен, Играчи . . Author: Наум Локоски - Баварец . Comments: 7 Comments